Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Сите науки го истражуваат Создателот

27.12.2010 -

Постои многу исконска поврзаност помеѓу науката кабала и филозофијата. Филозофијата е небаре основа на сите науки.

Пред илјадници години не постоеле посебни науки: математиката, физиката, хемијата, биологијата, географијата, астрономијата. Научникот се занимавал со сè, а истовремено бил и лекар. Сето тоа општо знаење се нарекувало филозофија што во превод значи "љубов кон мудроста", кон знаењето.

Познатиот филозоф од 16 век Јохан Ројхлин пишувал: "Мојот учител Питагора, таткото на филозофијата очигледно го презел своето учење од кабалистите, и тој прв го превел зборот "кабала" непознат за неговите современици на грчки јазик со зборот "филозофија".

Поврзаноста помеѓу кабалата и филозофијата и воопшто со сите науки е многу длабока. И навистина, науката е веќе дел од откривањето на Создателот, Неговите дејства кои се откриваат не само преку телесните сетила, туку преку механизмот во нас кој се нарекува "човек" и веќе припаѓа на човечкото скалило. Иако тоа е сè уште човек од овој свет – но сепак.

Древната наука –филозофијата, до нејзиното поврзување со кабалата се развивала на животинското скалило. После откривањето на кабалата на првиот "човек" Адам ха Ришон и нејзиниот развој 20 поколенија до Аврам и од него понатаму, откривајќи ги дејствијата на Создателот – врз таа основа се создава современата наука на нашиот свет.

Ние како да не ја гледаме нивната меѓусебна поврзаност, бидејќи обичната наука се гради врз човечкиот разум и сетилата, егоистичната желба за насладување во која ние го откриваме светот, и наводно не е поврзана со кабалата и духовниот свет. Но всушност тоа не е така – бидејќи таа ги изучува истите дејства на Создателот само што тие се откриваат во друг материјал, егоистичен.

Тоа се дејства на Создателот кои укажуваат на поврзаноста помеѓу деловите на реалноста. И затоа дури и обичните природни науки се некој вид на откривање на Создателот, само на наше ниво. Бидејќи освен Создателот – ништо повеќе не постои во универзумот и сè што ние откриваме – се Неговите дејства. Само што ние можеме да Го откриваме во својата егоистична желба и тогаш тоа се нарекува природни науки.

Исто така можеме да Го откриваме во желбата за давање и тогаш тоа се нарекува наука кабала. Но и во првиот и во вториот случај – тоа е откривање на Создателот. Создателот е единствен и не се дели на два дела. Ние истражувачите така Го делиме – зависно од тоа во какви желби воспримаме. Од страната на Вишиот не постои никаква поделба, сета поделба е само во однос на нас. И затоа кај нас се создава вечен проблем, како едното е поврзано со другото и какво е нивното меѓусебно влијание.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата “ /27/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica