Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Сите светови се - помеѓу нас

02.01.2011 -

Книга Зохар. Предговор. Статија "И слушнал Итро", т.34: ...Зохар го утврдува редоследот на создавањето на парцуфите на Ацилут: Атик, Арих Анпин, Абе ве-Има, Зеир Анпин. И како извор на сето, екранот на Малхут особините на судот ги користи парцуфот Атик и дејствува во Арих Анпин за да ја затвори таму Хохма. ...А потоа тој го утврдува ВАК на Зеир Анпин во особината на шесте платна. А извезеното платно – тоа ГAР на Зеир Анпин.

Авторите на Зохар го откриле редоследот на нивните меѓусебни односи, и во меѓусебната поврзаност ги откриле парцуфим, световите, особините и внатешните разлики – сето помеѓу човекот и другите. Кога другите му се чинат соединети заедно – тоа се нарекува "свет на Бесконечноста".

Ако тој ги гледа соединето делумно – тоа се нарекува виши парцуфим од него. Така тие зборуваат еден со друг, откривајќи ја секоја особина и нарекувајќи ја "Раби Јоси", "Раби Хија", "Раби Елазар", "Раби Шимон" и слики на Природата. Сето тоа се состојби во кои престојуваат нашите души во процесот на својата поправка.

Според своето искуство знам колку му е тешко на човекот да нацрта во својата имагинација општо земено едноставна слика: не постои ништо освен разделени души. Нивната целосна поделеност се чувствува во нив како нашиот свет.

Нивното делумно зближување, вклучувањето со желбите една во друга по принципот "Сакај го ближниот како себеси" создава во душите чувство на Вишиот Свет. Нивното целосно соединување се чувствува од страна на душите како Свет на Бесконечноста – бескрајно, неограничено соединување, и соодветно на тоа целосно наполнување со Светлина.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica