Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Скалата на кабалистите

Рашби си дозволил себеси да ја разоткрие тајната мудрост во Книгата Зохар, но го направил тоа со голема претпазливост, дозволувајќи неговите говори да ги запишува само раби Аба, кој имал дар да го разоткрива тајното така, за само мудреците од редовите на синовите на Израел да ги разбираат неговите зборови, додека мудреците на народите на светот, напротив, да не ги разбираат.

Кабалистот, кој го постигнува духовниот свет е како научник, кој открива нешто големо. Ако го замолиш да го објасни своето откритие, тој нема да најде зборови, не ќе може да ја најде редоследната разбирлива дефиниција. За тоа се потребни учители, кои на луѓето им го отвараат патот до врвот на спознавањето. Значи, ако се зборува за прво приближување, раби Аба можел да ги препишува зборовите на раби Шимон така, за тие да им даваат осветлување дури и на почетниците кои што стојат на приодите кон кабалистичката мудрост, и да помагаат да се искачуваат оние, кои чекорат по духовните скалила. Тој го изградил учењето на редоследен начин, за премин „од клас во клас”, од скалило на скалило. Ако човекот само посакува нешто, слично на бебето кое инстинктивно ја отвара устата, - тоа е доволно. Бидејќи тој веќе има систем за варење, што значи дека храната, добиена од постарите ќе му помогне при растењето.

Ете што умеел да прави раби Аба – да го разоткрива притаеното, дозволувајќи му дури и на новајлијата да се доближи до тајните. Раби Шимон го спознал целиот свет, а раби Аба знаел, како да ги спушти неговите зборови долу, и да ги изгради за нашиот подем нагоре. Затоа Книгата Зохар за нас е како духовно скалило. Баал ХаСулам со својот коментар уште повеќе ја адаптирал за современоста. Ние мислиме, дека тој додал кабалистичка терминологија, но всушност се работи за нешто друго. Дополнителните објаснувања сами од себе не даваат ништо, туку напротив, можат да ги оддалечат од внатрешната суштина оние кои што сакаат само да ја простудираат оваа книга. Затоа што тогаш човекот едноставно се наполнува себеси со знаења. Баал ХаСулам уште повеќе ни го олеснил патот, за да се задржиме на него и да се движиме напред, вклучувајќи го разумот и чувството во исто време. Кабалистите се грижеле и внимавале да го отворат овој пат, оваа скала за нас, и да ни обезбедат пристап до неа.

Прашање: Ние исто така би сакале да ја шириме науката кабала во разбирлива обвивка со истовремено „полнење”, кое ќе ги поведе луѓето напред. Како тоа да го направиме?

Одговор: Тоа во нас е вградено на инстинктивно ниво, бидејќи ние учиме според систем одреден од кабалистите. Кој учи тука, и е предан на патот, во него тоа постои, но само благодарение на истата таа поврзаност помеѓу раби Шимон и раби Аба. Затоа што сé произлегува од Книгата Зохар, и за сите генерации дејствува само тој духовен корен: вишото постигнување (раби Шимон) и патот, пристапот до него (раби Аба). Во тој систем се приклучиле и другите пријатели од групата на раби Шимон, вклучително и неговиот син – раби Елазар, кој зборува за крајот на поправката. Значи, ете го значењето на „притаеното разоткривање”: дури и за време на притајувањето, по патот кој го оди на човекот му се разоткрива сето неопходно.

Од лекцијата според статија на Баал ХаСулам, „Рогот за трубење на Месијата”: 05.09.2012 на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica