Прашање: Како да ја стекнеме способноста да напредуваме „над разумот"?
Одговор: „Над разумот" е над нашата „материја", желбата за уживање; со други зборови, „над разумот" е во одликата на давање. Ние самите не можеме да се издигнеме над нашиот егоизам. Тоа е возможно само со помош на Вишата Светлина, Ор Макиф.
„Разум" значи мојата желба. Во мојата желба можам да чувстувам, гледам, и да пресметувам во однос на веројатната корист или штета, или на тоа дали вреди да користам одредена желба или не. Како резултат на таквите пресметки доаѓам до одредени заклучоци и потоа ги остварувам моите желби. Во врска со тоа немам никаков проблем.
Така живеам во овој свет. Сигурен сум во врска со дел од овие пресметки и се сомневам во друг дел од нив. Во нашите земни науки ја користиме и теоријата на веројатноста секогаш кога немаме сигурна информација. Меѓутоа, во секој случај имаме на што да се потпреме.
Од друга страна, „вера над разумот" или „над знаењето" е кога немам никакви инструменти или средства за перцепција. Покрај тоа, не ни знам што е „повисоко." Да беше едноставно спротивно од разумот, би можел да пресметам како треба да делувам според мојот разум и потоа би постапил на сосема спротивен начин. Сепак, и тоа би била рационална пресметка.
Меѓутоа, немам никаква идеја за тоа што е „верба над разумот"; не знам каков разум следи, какво чувствување и пресметки опфаќа, и во одност на што. Тоа е одреден пристап, склоност, или парадигма која не постои во мене.
Затоа, само Светлината може да дојде и да ни го даде тој пристап бидејќи „над разумот" значи „за давање", што значи не според пресметката во Кли, желбата за уживање. Но ако не е во желбата, тогаш не знам што е. Како да откријам? Не знам. А во која желба?
Кабалистите велат: Ако почнете да ја воспримате желбата на ближниот како своја, ако можете да направите пресметка во врска со неговата желба, онаква што е за негово добро, тогаш тоа ќе биде над вашето сегашно знаење. Меѓутоа, за да го сторам тоа морам да добијам супермоќи кои ги немам. Ако ги примам, ќе можам да одам „над разумот." Но за сега, не можете да скокнете повисоко од себе.
Само Светлината која не создала може да не промени. Затоа мораме да користиме „чудотворни средства" (Сегулот) и да вршиме разни постапки кои ја будат Светлината за да влијае врз нас. Така ќе се мери нашиот успех. Умот и чувствата што ги собирате во вашата желба за уживање за сега не можат да ви помогнат. Можат да ви помогнат само во спротивниот облик.
Ако правите секојдневна проценка што сте постигнале во духовноста, ќе видите дека всушност не сте постигнале ништо иако вложувате толку напор. А истото ќе се случи и утре. Ден потоа, на сето згора ќе бидете и збунети. Уште еден ден потоа одеднаш ќе почувствувате дека сте станале паметни. И така натаму.
Секој ден додавате сé повеќе негативни појави поради тоа што живеете во желбата да уживате самите за себе и мислите дека само Светлината може да ви помогне, но не доаѓа и не ви помага. И што да правите? Почнете да водите војна против разумот, како што пишува во врска со прогонството од Египет.
Од првиот дел од Дневната лекција од Кабалата 25/11/2010, Зохар