Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Скроти ја грмечката поплава

Прашање: Секогаш кога ќе се обидам да се фокусирам на лекцијата, откривам дека безбројни наважни мисли ми го одвлекуваат вниманието. Што треба да направам?

Одговор: Сé доаѓа од Создателот и се нарекува " будење од Горе "( Итарута де- Леила ). Ако Вишата Сила всади лоши мисли во тебе заедно со добрите, тоа е слично на поплава која што носи многу нечистотии со себе. Кога ќе се обидете да ја филтрирате водата, остатоците се креваат на површина. Сепак, за вас е неопходно да ја филтрирате " нечистотијата " и да сфатите што вие носите. Затоа привлекувајќи ја Светлината која што преобразува го вади на површина чувството на " нечистотија ", покажувајќи ви колку многу вие треба да се поправите.

Кабалистот почетник не ја разбира причината позади сето тоа и се збунува; тој копнее за добрите но ги искусува страшните нивоа. Тој сеуште ја нема внатрешната сила за да ги совлада, ниту разбира што се случува. Зошто тогаш тој треба да се впушти во вакви услови?

Тоа е неопходно бидејќи " никој не е мудар како искусниот ". Преку непрекинато учење, личноста ќе почувствува дека сите такви нивоа се неопходни. Може да биде и обратно, дека таа личност не ја искусува " нечистотијата ", не - духовните желби и мисли.

Ова е показател на неспособноста да се привлече Светлината која што трансформира, која ги открива непоправените желби кои една личност мора да ги признае како " лоши " и дека треба да се поправат. Личноста мора да бара нивна поправка, и нивно уништување.

Така, кога ние читаме Кабалистички текст и се чувствуваме лошо, тоа е знак дека сме на правиот пат, и дека Тора ни служи како " животен напиток " бидејќи ни ги открива нашите внатрешни поредувања кои што треба да бидат поправени.

Ако пак, од друга страна, се чувствувавме добро, сигурно, гордо, и супериорно, тоа ќе биде знак дека Тора служи како " смрттоносен напиток ", дозволувајќи ни да потонеме во нашиот егоизам и да се чувствиваме сé повеќе и повеќе задоволни. Така, ние треба да се радуваме кога за времето на нашето учење, нашите внатрешни " грешници " ни се откриени.

Тоа значи дека Тора ни покажува и го поправа нашето зло; и навистина, како што е напишано: " ја создадов склоноста на злото и ѝ дозволив на Тора да го поправа ". На овој начин личноста може да утврди дали се движи во правата насока према свесноста за својот зол егоизам, внатре.

Колку подолго учиме толку стануваме посвесни дека злото живее во нас, и дека наш приоритет е да го поправиме. Со почит кон остатокот од светот,ние треба да се молиме за неговото освестување и во основа да го оправдаме ( " Ладун Кол Ехад Ле Кав Жут " ).

Од првата утринска лекција 28/07/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica