Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Скулптор на мојата душа

25.10.2010 -
Прашање: "Мене ми се чини, за да се соединам со текстот на Зохар, небаре напишан на непознат јазик, потребно е вистинско чудо. Во нашиот свет тешко е да поверуваш во чуда..."

Одговор: "Јас не знам, што значи "да се соединам со текстот". Јас слушам некој расказ, на непознат за мене јазик, мене само ми кажале, дека во него станува збор за мене – за сето, што ми е подготвено за денес и што треба да ми се случи во иднината. Јас многу се трудам да дознаам, бидејки тоа за мене е исклучително важно! Зохар е како тајна шифра, која јас морам некако да ја дешифрирам, да го откријам тој текст. Што да се прави?

Кабалистите велат: "Ако ти се стремиш со сите сили кон тоа, сакаш и го бараш вистинскиот приод, - ти ќе откриеш. Ти можеш да откриеш, но сé зависи од тоа, колку напори ти ќе вложиш". Треба многу да се учи, да се научи да се чувствува, да се откаже од некои свои внатрешни особини, за да се разбере тој текст, бидејки во него се зборува за такво разбирање и приод кон животот, кој тебе ти е целосно спротивен.

Ти мораш да навлезеш во тие идеи, да се поистоветиш со ликовите, да ги разбереш и да ги засакаш, дури иако сега тие не ти се допаѓаат, и ти не ги разбираш во целост. Ти мораш многу во себеси да промениш, ако сакаш да го спознаеш тој расказ. Всушност, ти се променуваш себеси согласно на расказот.

И сето, за што во него станува збор, ти станува сé поблиско, појасно, осетливо и прифатено од тебе – до тој степен, што ти наеднаш влегуваш во него и го откриваш. Тоа се реализирало за сметка на многуте дејства, во кои ти си се трудел да се уподобиш на светот на Зохар: "Што тоа може да биде? Јас сакам да разберам и да осетам! Јас сакам во тоа да живеам!

Како е потребно јас да се променам, за барем малку да видам, за што раскажува Зохар?!". Треба цело време да се гледа во себеси материјалот, кој се менува, прилагодувајки се на расказот: Јас – сум тој пластелин, од кој расказот треба да направи форма. Јас сакам, тој да ја создаде!

Така јас се приближувам себеси кон расказот – не кон разбирањето, туку кон спознавањето, чувствувањето, како што е речено: "И ја спознал Адам - Ева". Мојот приод се состои во тоа, кажувањето на Зохар постојано во мене да создава сé повеќе напредни форми – се додека јас не ја попримам неговата вистинска форма. Бидејки расказот значи откривање.

Така ние треба да работиме со текстот, и таков треба да е нашиот приод кон Книгата Зохар. Јас сакам Книгата да ме промени, да измоделира од мојот материјал, сé што е потребно. Јас сум подготвен на сé и целосно и се предавам!

Од утринската лекција за книгата “Зохар“ /25/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica