Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Совети, како да станеме на вистинската нога

Прашање: Шта да правам, ако за време на лекцијата ме окупираат споредни мисли и доживувања, кои го свртуваат моето внимание од лекцијата?

Одговор: Човекот поминува многу различни состојби. Понекогаш тој седи на лекцијата сосема исклучен, а понекогаш дури заспива. Мене многу ретко тоа ми се случувало, но ако сум заспивал, Рабаш неприметно ме туркал со нога под масата или ме тргал за ракавот. Причината не била дури ни заморот, туку расположението. Понекогаш може да поспиеме неколку часа и да се чувствуваме полни со енергија, а понекогаш после 7-8 часа сон, премногу ни се спие. Тоа не се одредува со физичката состојба.

Што да правиме ако заспиваме? Треба да се бориме против тоа со сите свои сили, колку што е можно, но истовремено да се согласиме, дека постојат состојби, што ни се наместени одозгора, во кои ние не можеме ништо да направиме. И тогаш доаѓаме на лекција и заспиваме. Јас никогаш не се смеев, и не се карав со оној, кој спие на лекцијата. Значи овој пат тој не може поинаку, но сепак дошол. Ако пак, за време на лекцијата ти се свртува вниманието на други мисли, тоа зависи од подготовката. Многу е важно „на која нога си станал“ од креветот: на „десната“, „левата“, или воопшто „на сите четири“ - односно за што била твојата прва мисла. А таа зависи од тоа, со каква мисла си заспал, што си читал пред спиње. Вечерта можеш да гледаш фудбал, но 5 минути пред спиење, мораш да прочиташ нешто, што малку ќе те размрда внатре, и ќе те поттурне во правилна насока. И со таа мисла треба да заспиеш, како со молитва. Тогаш ќе се разбудиш со добри мисли и со нив ќе дојдеш на лекција. И дури ако после тоа заспиеш на лекцијата, ќе имаш добра подготовка. Но ако ја слушаш лекцијата, ќе ти дојдат подобри мисли и намери. Ако пак, одеднаш ти дојдат други мисли и  намери, тоа ќе биде само за кратко. Ти веднаш ќе можеш да ги распознаеш и да ги отфрлиш. Таква е нашата работа.

Но главното, сепак е: да дојдеш, да седнеш, да се подготвиш за лекција, да црташ цртежи, да правиш забелешки, односно да извршуваш механички дејства, кои ти помагаат да се вкучиш во лекцијата. Освен тоа, потребно е да си нацрташ круг, односно да се замислиш внатре во групата. Може дури и навистина да се нацрта круг на листот, за да лежи пред тебе и да ти напоменува дека се наоѓаш во кругот со сите други. Таа форма на круг треба да се отпечати во твојот мозок, за само преку неа да сакаш да го гледаш светот. Небаре во твојот мозок вградиле специјален објектив и сега го гледаш светот тркалезен. Бидејќи тоа е навистина неговата вистинска форма, и ти сакаш сè да гледаш преку центарот на групата.

Од лекцијата по Предговорот кон книгата Зохар, 07.10 2013 г. На Каб.Тв

Кон интегрална свест

Прашање: Да претпоставиме, човекот поминал десетдневни курсеви по интегрална обука. Во каква форма тој може да го распространува тоа понатаму?

Одговор: Не мислам, дека курсот од десетдневни часови му дава на човекот можност да распространува понатаму, дури ако е психолог и ја сфатил основната идеја. Тој сепак мора да размислува во одреден степен интегрално и не само да наоѓа контакт со другите (тоа кај психолозите можеби постои). Тој треба да знае кон што ги поттурнува, во име на што точно работи, во спротивно, тој нема да има никаква внатрешна сила. Дури ако почне механички да прави сè што правите вие, јас не гледам во тоа никаква можност за позитивни резултати. Вие го имате тоа, што тој го нема. Затоа тоа ќе сгасне, ќе се измеша во друг систем, ќе ја преземе, ќе го искористи нашиот метод, и ќе ја претвори во нешто поинакво. Тој сепак треба да живее со ова. Дури иако човекот нема точка во срцето, тој сепак мора да помине сериозна обука. Како минимум, едногодишни курсеви.

Прашање: Вие велите, дека луѓето треба да имаат возвишена цел. Тие мора да живеат со тоа. во име на што тие ќе распространуваат?

Одговор: Ние не им велиме дека тоа го бара светот, го бара кризата. Ние го објаснуваме системот на градбата на универзумот, ситемот на интеракцијата на човекот со светот. И ним им станува јасно, дека човекот мора да биде изграден токму така, а не поинаку, дека мора да се вклопи во заедничката слика на светот и кога ќе достигнеме хомеостаза, само тогаш ќе имаме нормална интеракција, само тогаш ќе бидеме психолошки и физиолошки здрави луѓе. Ние мора постепено, неприметно да ги доведеме луѓето до тоа – не да ги поучуваме, туку да ги доведеме непосредно нив самите до просветление. Наеднаш ќе им стане јасно во што е проблемот на сите болести и превирања во нашата интеракција со единствениот систем на Природата. Тогаш тие ќе видат кон што треба да бидат насочени сите нивни дејства. Тргнувајќи од осознавањето на глобалната слика, тие ќе почнат да сфаќаат во што се состои, да речеме, апсолутното психолошко здравје или проблемите на семејството, воспитанието. Сето тоа треба да се сведе до рамнотежа, до сличност. А сличноста се заснова на интеракцијата, додека пак, интеракцијата е заемна гаранција, заемна поврзаност, заемна љубов. На луѓето сето тоа може да им се презентира како сеопшта хармонија, во име на која тие треба да се обучуваат и да распространуваат. Јас не знам колку со нив може да се зборува за душата, иако ништо од тоа денес веќе не се крие.

Прашање: Треба ли во таа цел да има нешто, што би ги насочувало кон духовното?

Одговор: Многумина не се стремат кон чисто духовните категории, ним им е важен светот како идеална слика – хармонија на човештвото со целата природа. Има луѓе, на кои тоа не им е сеедно. Притоа тие не мора да достигнуваат некои висини, бидејќи елементарното чувство на одговорност за човештвото е својствено за секој човек. Ако речеш: „Жртвувај еден долар во светот да се создаде хармонија“ - тој ќе ти го даде доларот. Но да се жртвува себеси – нема.

Прашање: Што е подобро да се направи во услови на ограничени ресурси: да раскажеме за ова за два часа на, да речеме, сто педагози, или да изведеме на повисоко ниво двајца педагози?

Одговор: Не можеш да бидеш сигурен, ако работиш со двајца неколку месеци дека ќе го достигнеш посакуваниот резултат. Додека, ако едуцираш сто луѓе, тогаш има надеж дека барем преку некој нашиот метод ќе оди понатаму.

Од ТВ програмата „Низ времето“, 07.10.2013

Тоа не бев јас!

Прашање: Како е воможно да не се мисли за минатото, ако те преплавуваат спомените и завладуваат со тебе?

Одговор: Јас разбирам, дека тоа е многу тешко. Но теба да се сфати дека тоа е игра во која те испробуваат, дали ќе го припишеш целиот свој живот на Создателот, или не. Ако барем во некој степен признаеш, дека „Не постои никој, освен Него“, тогаш согласно со тоа мора да решиш: дали ти си го направил сето што се случило, или Создателот тоа ти го направил тебе? Исто таков треба да биде односот кон иднината: сè зависи од информациските гени (решимот) што се откриваат и Светлините, кои влијаат врз нив. Ти, пак, како посредник меѓу нив, можеш да одредиш со каква моќ и во каков облик Свелината ќе влијае на решимот. Нема ништо, освен Светлината и решимо, и тебе, кој може да ги посвати, да ги собере заедно, да ги зближи и соедини. Но тоа е можно само во однос на иднината, а во минатото сè веќе се случило и е направено од раката на Создателот. Така било судено да се случи, така било исконски испланирано. Воопшто не е предмет на дискусија дали си можел или не си можел да направиш поинаку. Ти засега не си способен така да кажеш за иднината, бидејќи сè уште не престојуваш во двата света и не можеш да ги вклопиш двете спротивности во едно место. Но за минатото мора да кажеш дека тоа не си бил ти, дека не си дејствувал таму и ништо не си правел, туку во сè за тебе дејствувал Создателот – и да се залепиш за таа мисла, апсолутно помирувајќи се со минатото. А веќе после еден момент откако ќе се согласиш со минатото, повторно ќе те совладаат тешки мисли и каење, зошто нешто не си направил или си направил така, зошто така лошо со некого си постапил, зошто си загубил, си изгубил пари, среќни можности во животот – голем број различни каења. Намерно ни ја отвораат и ја чешкаат таа рана, се разбира не за да копаш по твоето минато, туку за да го пополниш својот однос кон Вишата Сила – единствената сила, која дејствува во реалноста.

Од лекцијата по Предговорот кон книгата Зохар, 07.10. 2013 г. На Каб.Тв

Кој сè расипал – тој сè ќе поправи

Прашање: Сфаќам, дека не смее да се жали за минатото. Но што да се прави ако благодарение на „грешките“ од минатото, јас се најдов во тешката ситуација, во која сум во дадениот момент? Излегува, дека не треба ништо да поправам, туку да се надевам на помошта од Создателот?

Одговор: Се разбира дека сè расипал Создателот, Тој сè ќе поправи. Ти треба само да замолиш и да Му се заблагодариш Нему дека ги гледаш дефектите, кои Тој ги направил, и дека сега Него Го молиш Тој да ги поправи. Затоа што е речено: „Сè е во рацете на небесата, освен нашиот трепет пред Создателот“ – покрај тоа сè Му доверуваш Нему. Ако пак Тој сè уште не ја поправил твојата состојба, значи не си Го молел Него, или твоите молби не биле правилни. Провери ги! Ти не си стопан ниту на своето минато, ниту на иднината. Ти управуваш само со овој тековен момент – во тој степен, во кој си способен да избереш меѓу патот на Тора и патот на страдањата, за да Го замолиш Создателот да изврши во тебе поправка – токму во тебе! Треба да се замоли за поправка, за со сите мисли и срцето, со целото свое битие, со целата свест да се залепиш за Вишото управување. Така, да не исчезнеш во потокот на животот, туку со целиот свој разум и чувство, со сите свои сили да се согласиш со она што се случува. Но тоа не значи дека треба само да седиш и чекаш, кога Светлината ќе ја направи целата работа. За да ги достигнеш таквите мисли најсериозно, ќе треба да направиш голем број неопходни дејства, користејќи ги сите средства, кои ти се дадени во овој свет. Ќе треба да го градиш овој свет, да го менуваш општеството, да вршиш револуции, да го средуваш животот, да растиш деца, работиш, да се грижиш за другите луѓе, приближувајќи ги до Создателот – голем број различни работи. А освен тоа, треба да ги будиш пријателите, организирајќи добри услови за нивното обучување, развој, зближување. Потребно е да се направат многу дејства: и физички, и душевни. Но сето тоа - за да се поврзат сите идни, минати и сегашни мигови со една единствена сила, која дејствува во суштеството. Токму во тоа се состои нашата работа, која се нарекува работа на Создателот. Тој прави сè, а ти оправдуваш сè што испаднало, со сите конци на твојата душа, со сите внатрешни чувства.

Од лекцијата по Предговорот кон книгата Зохар, 07.10. 2013 г. На Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica