Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Совршенството не трпи компромиси

04.10.2010 -
Сé започнува од Бесконечноста, од првичната состојба, и затоа ние, за свое целосно поправување, треба да ги исполниме сите услови, кои од таму произлегуваат. Во состојбата на Бесконечност желбата е бескомпромисна – таа не е согласна да отстапи ниту трошка од спојувањето, единството, сличноста на Создателот. Таму не постои ниту крај, ниту граница, нема ниту еден детал, пропуштен во неговата пресметка. Од таму потекнува називот – Бесконечност.

Не во местото/желбата, не во количеството и квалитетот на наполнувањето, туку во апсолутната одлука на суштеството за спојување со Создателот. Соодветно на тоа, духовните скалила на искачувањето од нашиот свет кон бесконечноста – тоа се " степени на компромис": за колку суштеството сеуште се откажува од точната пресметка за сличност. Во почетокот на работата човекот сето го разгледува преку призма на сопствената корист – таква е неговата природа, таков е создаден. Периодот е долготраен, и на својот крај доведува до очај.

Така и човештвото, во текот на својата историја, ги претрпувало перипетиите на тешкиот живот во трката по насладувањата, сé додека низата на разочарувања не ја достигнала критичната големина. Поучени од искуството, т.е. откога ќе го почувствуваме горчливиот резултат, ние ја прекинуваме трката, затоа што повеќе не веруваме, не чувствуваме на крајот задоволство.

Така постепено ние почнуваме да го презираме егоистичкото наполнување поради неговиот горчлив резултат – и, очајни, правиме нова пресметка – во алтруизмот ние ќе можеме да доживееме наполнување. Така се реализира во нас, под влијание на Светлината, низата на решимот, создадени уште при слегувањето од Бесконечноста. Се создаваат две линии: права, одозгора надолу, и обратна, одоздола нагоре.

Сега, наместо самонасладувањето, човекот смета на вовлекување во давањето. Како последица на тоа, се менува и неговата награда: таа се чувствува не во примачките, туку во давачките желби. Би се рекло, каква е разликата? Нели ние сме суштества и сме обврзани да чувствуваме наполнување.

Меѓутоа за тоа да се чувствува исто, како што го чувствува Создателот, треба да се биде сличен на Него. Ете зошто од овој момент ние работиме на тоа, за да добиваме награда од самото дејство, а не од резултатот на давањето.

Од утринската лекција по статија на Рабаш / 04.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica