Баал ХаСулам, „Шамати“ статија 144, „Има еден народ“: Аман рекол дека според негово мислење ќе успеат да ги уништат јудејците: тие се разединети и секој е одделен од ближниот и затоа се разбира, нашата сила ќе ги совлада. Бидејќи такво разединување води до оддалечување на човекот од Создателот и Создателот нема да им помогне бидејќи тие се одделени од Него. Затоа се нафатил Мордехај да го поправи тој порок и благодарение на сплотувањето тие ги спасиле своите души.
Кога во Персија над јудејците надвиснала заканата од физичко уништување тие не отишле кај царот со поплаки на Аман и не почнале да докажуваат дека тој греши. Јудејците не отишле ниту кај масите за да прават меѓу нив дисеминација и да им докажуваат на народите на државата дека се во право. Наместо тоа тие меѓусебно се сплотиле и со самото тоа се спасиле. Иако нивната физичка сила е мала, но голема е духовната сила на нивното единство. Воглавно токму сплотувањето во една целина победува, го реализира распространувањето и прави сè што е потребно. Тоа значи дека распространувањето е потребно во прв ред меѓу самиот еврејски народ. „Сплотете се, им рече царицата Естер на своите собраќа, и тогаш ќе успееме“.
Баал ХаСулам, „Предговор кон Книгата Зохар“, п.67: Кога човек од народот на Израел го претпочита својот внатрешен дел „Израел“ на надворешниот „народите на светот“, тогаш народот на Израел се искачува во своето совршенство сè повисоко и повисоко, а народите на светот го признаваат и ја ценат неговата улога.
Но ако човек од народот на Израел напротив го возвишува и цени својот надворешен дел, „народите на светот“ над категоријата „Израел“ во себе, тогаш народите на светот се искачуваат сè повисоко и повисоко, го надвладуваат народот на Израел и го срамнуваат со земја. На таков начин распоредот на силите произлегува од општата слика на реалноста. И затоа ние треба да сфатиме дека тоа е до нас. Пред сè ние мора да се погрижиме за сплотувањето, соединувањето на светската група „Бнеи Барух“ како внатрешен дел „Израел“. А понатаму треба да се грижиме за надворешниот „Израел“, со сите сили да го сплотуваме еврејскиот народ. Само така ние ќе предизвикаме поправка на светот, ако го поправаме нашето лично единство наместо светот. На тоа треба да работиме и во тоа треба да се состои нашето распространување. Да, ние низ целиот свет ја пренесуваме пораката за соединување според методата на науката кабала. Но затоа што тоа исто така ни помага да се соединуваме, а не затоа што со тоа ние го поправаме светот. Не, светот се поправа преку нашето единство. Распространувајќи ја ширум нашата порака ние се вклучуваме во човештвото и тоа помага во нашето внатрешно соединување, а тоа веќе навистина го поправа светот.
Од лекцијата на тема „Единство на народот на Израел“, 10.07.2014
Тростепен систем на пренос на Светлината
Прашање: Како ќе дојде до ослободување на целиот свет ако еврејскиот народ досега не созреал за сплотување?
Одговор: Ние почнуваме од себеси. Вишата Светлина се активира преку Бнеи Барух (ББ) кој се наоѓа во народот на Израел, кој в своју очередјсе наоѓа во народите на светот. Так или иначе сите поправки се реализираат од Светлината. А таа може да дејствува само под услов кога нешто е соодветно на неа. И затоа ако ние доаѓаме до единство, тогаш во нас има Светлина. Таа дури не доаѓа одозгора, таа едноставно е разлеана насекаде – и се открива во нас благодарение на сличноста на особините. Ние преку својата активност сме поврзани со народот на Израел, и со тоа му ја пренесуваме Светлината нему. Понатаму, бидејќи народот на Израел е поврзан со народите на светот и има влијание врз нив, Светлината доаѓа и до народите. На таков начин пред сè единството му е неопходно токму на Бнеи Барух. Тогаш сличноста со Вишата Светлина ни дава контакт со неа.
А меѓу нас и народот на Израел веќе не е потребно такво соединување. Бидејќи ние влијаеме врз него и му ја пренесуваме Светлината од нашите садови-желби. Затоа на народот му е доволна одредена мера на поврзаност, согласност со нас, вклучување во нас. Што се однесува на преминот меѓу народот на Израел и народите на светот, тука е потребно само генерално разбирање на фактот дека сите ние живееме во еден свет и се наоѓаме во еден систем, од што произлегува антисемитизмот, посебен однос кон народот на Израел а исто така и шемата на поправката. Ако народот добие општа претстава за овој концепт и со тоа барем малку се приклучи кон нас, тоа ќе биде доволно Вишата Светлина да поминува преку него. При слегувањето на духовните нивоа секој пат се формира мера на соодветност меѓу садовите и изобилството кое се распространува, меѓу односот на вишиот кон нижиот и односот на нижиот кон вишиот. Генерално ние тоа го објаснуваме во нашето распространување. Но најважно за нас е токму нашето соединување со Вишата Светлина. Тогаш таа ќе „продре“, ќе се прошири понатаму, ќе предизвика одѕив кај народот и народот ќе почне да говори со наши зборови, ќе се согласи со нас, ќе биде подготвен да оди заедно со нас. Целата работа ја остварува само Вишата Светлина. Ние само треба да ѝ дадеме таква можност и таа самата ќе потече, како вода која продира во земјата за да напои сè што човекот одгледува во неа. Наша задача е да обезбедиме поврзаност со Светлината. Тогаш по пат таа ќе нè наполни и нас, ќе нè собере во една целина. На каков начин – е нејзина работа, работа на Создателот. Ние работиме само на сплотувањето.
Прашање: Ако е така, дали ние треба да излегуваме во надворешна дисеминација?
Одговор: Ако не се проникнеме со потребите, желбите, проблемите на народот, ако не ги земеме и не ги кренеме кон нас, тогаш нема да имаме потреба за соединување со Создателот. Можеме уште илјада години да ги изучуваме кабалистичките изворници и тие ќе останат сува теорија. Сè додека не се приклучиме кон народот во нас нема да се појави желба да се сплотиме. Единството ќе нè привлекува само во мера на желбите кои ги земаме од луѓето, од кои можеме да формираме МАН – молба за поправка. Ако пак тебе ти се чини дека веќе сега посакуваш единство тоа не е вистина, тоа не е единство. Вистинско соединување е можно само при „излегување во народот“, кога ние со сета сила работиме со луѓето на нивно сплотување. Само тогаш од таму ќе ни дојде осознавање на вистинската потреба за сплотување.
Прашање: Значи ако ние вистински се сплотиме тогаш целото човештво „автоматски“ ќе се промени и ќе нема потреба ништо повеќе да правиме?
Одговор: Да. Ако се промени групата Бнеи Барух тогаш ќе се промени народот на Израел. А ако во некоја мера се промени народот на Израел, тогаш ќе се промени целата реалност, сите народи, целото човештво. Во таква интеракција се наоѓаат овие три круга. Меѓутоа во исто време секој зависи и од вишиот и од нижиот. И затоа без потребата од страна на нижиот ти нема да достигнеш повисоко ниво. Тоа значи дека ние мора да работиме со народот на Израел за да ја осознаеме неопходноста од сплотување и станувањето слични на Создателот. И преку народот на Израел ние мора да излегуваме кон целото човештво за од него да се проникнеме со неопходност да му се обратиме на народот на Израел – а понатаму на себеси и на Создателот. Сите овие три нивоа мора да работат како една целина. Токму затоа ние дејствуваме „на сите фронтови“.
Од лекцијата на тема „Единството на народот на Израел“, 10.07.2014
Папата Франциск: внатре во секој христијанин има евреин
Известување: Папата Римски Франциск I ги сруши сите рекорди на „јудофилија“ кои биле манифестирани од неговите претходници кога признал дека „внатре во секој христијанин има евреин и не може да се биде вистински христијанин ако не ги признаеме своите еврејски корени, не во расна туку во религиозна смисла“. Одбележувајќи го сочуваното присуство на јудаизмот во христијанството, Франциск отишол подалеку од Јован Павле II кој ги нарекол евреите „постари браќа“ на христијаните. Тој рекол дека секојдневно се моли со зборовите од псалмите на Давид, како евреин, а потоа извршува обред на евхаристија како христијанин. Во опсежното интервју за шпанскиот весник „La Vanguardia“ папата искажа мислење дека е потребно истражување на јудејските корени на христијанството и „расцут на јудаизмот во христијанството“. Папата изрази убеденост дека јудејците и христијаните можат да живеат како браќа.
Реплика: Се разбира дека понатамошниот развој на човештвото кон целта на неговото создавање ќе ги доведе луѓето до оддалечување од сите светски религии и верувања, тие сѐ повеќе ќе почнат да го чувствуваат својот заеднички духовен корен кој во никој случај не се преслекува во земските слики и претстави кои ни ги наметнуваат религиите и верувањата. Тоа ќе ги доведе сите луѓе до чувство дека само кабала ја изразува вистинската претстава за Вишата Сила. Во тој стремеж да се зближи со неа, тие ќе се зближат меѓусебно.
Од блогот на Михаел Лајтман на руски јазик