Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Според науката, а не според сфаќањата

27.05.2011 -
Прашање: Можно ли е да се добие душа, да се открие духовниот свет и Создателот без науката кабала?

Одговор: Човек почнува да ја истражува природата и во неа открива определен закон, односно определена поврзаност меѓу појавите. На пример, испуштам на подот некаков предмет, сметам со какво забрзување паѓа и од таму изведувам закон. Притоа, другите не ги изучуваат природните појави, туку добиваат знаење за нив на готово. Има луѓе кои ги откриваат природните закони и луѓе кои учат и на тој начин откриваат – секогаш е индивидуално, лично. Појавите кои ги откриле научниците постоеле во природата и порано.

Зарем не паѓале јаболки врз главите и пред Њутн да го открие законот за гравитација? Така, нема ништо ново, ние го откриваме она што веќе постои, што се случува. Меѓутоа има пронаоѓачи и има такви кои учат од нив и се обидуваат правилно да го искористат добиеното знаење. Таква е работата и со науката кабала, со физиката на поширокиот свет, кој не се чувствува во нашите сетила. За него мора да развиеме дополнително сетило, наречено „својство на давање", во кое ќе ги откриеме духовните појави: сфирот, светови, парцуфим. Но, претходно работиме како научниците.

Кажано е: „од Твоите дејствија те препознавам Тебе". Оттука е јасно дека сè произлегува од дејствијата, од истражувањата. „Човек суди само по она што го гледаат неговите очи". „Верата" е силата на давањето која ја добиваш. Не ги затвораш очите за слепо да прифатиш како факт нечие туѓо мислење – тоа го нема во ниедна наука, го нема ни во кабалата. Токму напротив, кажано е: „Знај Го Создателот и служи Му". Во основата на сè лежи знаењето, анализата, откривањето.

Така значи, има луѓе кои го оствариле тоа откривање, виделе определени законитости и ти предаваат знаење за тие закони, за методот на истражување за да го олеснат твојот пат. Бидејќи едни исти закони дејствуваат врз сите, ние се наоѓаме во еден свет.

Така што, не треба да се гледа на кабалата како на непознато животно. Таа е корен на сите науки од нашиот свет, бидејќи ни го открива коренот на битието и кон неа всушност треба да се однесува како кон наука. Кабалата нема односи кон религиите.

Паѓајќи од нивото на љубов кон ближниот во егоизам и меѓусебна омраза, ние ја изгубивме и престанавме да го чувствуваме Вишиот, духовниот свет, а тогаш се родила и религијата. Така, „религијата" е науката кабала, останата во прогон, одделена од Создателот, одделена од Вишиот свет, одделена од предметот на изучување. Надвор од реално чувствување, без знаење и разбирање, обработка на духовните дејствија и меѓусебни односи со поголемата реалност, со Вишата Сила, се претвори во Јудаизам. Тој постои во делот од времето од разрушувањето на Храмот до избавувањето, по што одново се враќаме кон науката кабала.

Затоа е кажано: „Сите Ме познаваат Мене, од мал до голем". Се разбира, ништо не треба да се презира. Ние напредуваме со помош на средствата кои ги имаме, но секое од нив си има своја сфера на примена.

Од лекцијата според статијата “Слобода на волјата“ од 27.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica