Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Средната линија – директен пат кон Создателот

Внатрешната работа започнува од мојот напор да воспоставам власт над самиот себе. Потребно ми е самиот да контролирам, колку време да престојувам во десната линија, а колку во левата (Баал ХаСулам пишува, дека на десната линија треба да ѝ се посвети 23,5 часови дневно, додека на левата – останатите 30 минути).

Обврзан сум самиот да управувам, во која линија ќе се наоѓам, а не само да се префрлувам од една на друга страна, со различните состојби што ми доаѓаат. Не чини, ако се наоѓам во десната линија сè додека ми трае доброто расположение, а кога тоа ќе се расипе, веднаш да паднам во левата. Треба да се трудам самиот „да ја будам зората, а не зората да ме буди мене”! Односно, патот да се постане човек започнува од неговата работа врз себеси, од обидите да се наоѓа над двете линии, и да ги задржи тие две узди во своите раце. И во таква форма тој правилно напредува. Најважни се напорите, но колку се тие успешни, ние не можеме да процениме според нашето сфаќање. Ако ние така работиме, тогаш доаѓаме до осознавање, дека не сме способни да се задржиме над своите состојби, кои нè фрлаат надолу-нагоре, како беспомошни новороденчиња. Ние се наоѓаме те во ропството на левата линија, Фараонот, те под власта на десната линија, Создателот. Но не се согласуваме со тоа, и сакаме да бидеме самостојни, за да се залепиме со свои сили за Вишата Сила, и да станеме слични на Неа.

Односно, во нас треба да се присутни и левата и десната линија, за да го оформиме својот лик преку двете. Така ние доаѓаме до молитвата, бидејќи гледаме дека не сме способни самите да ја создадеме средната линија, таа не се раѓа од просто собирање на левата и десната линија. Тука ни е потребна Вишата Светлина, која ќе дојде, и ќе ни покаже како меѓусебно да ги комбинираме првите две линии, во каква форма тие може да се соединат. Затоа што тоа воопшто не е едноставно, тука потребна е посебна, повеќеслојна и повеќеетапна  конфигурација на соединување. Садовите треба да се соединат со Светлините во секоја клетка, во секој најмал елемент. Десната линија, Светлината, го одредува правилното соединување со левата линија. Левата линија обезбедува материјал, желба, а десната му дава форма, и така од нив двете се раѓа многу сложена структура.

Материјалот на левата линија е суровина, како матичните клетки, кои припаѓаат на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Додека пак, Светлината, која доаѓа од десната страна знае како од сите тие клетки да направи секакви форми на соединување. Слично, како што секој материјал се состои од едни те исти елементарни честички: електрони, протони и т.н., но сложеноста на нивното соединување го одредува целото богатство на различни атоми: 126-те елементи од Менделеевиот систем, од кои потоа се создаваат сите форми на неживата, растителната и животинската материја. А човекот се наоѓа веќе повисоко од нив, бидејќи во себе го вклучува системот на силите. Затоа, од самиот почеток треба да сфатиме колку е важно влијанието на опкружувањето: Учителот, групата, учењето – факторите, преку кои ние ја добиваме Светлината, која враќа кон Изворот. Целта на сето ова е да се кренеме над своите состојби. Бидејќи сите наши обиди да се кренеме над своето расположение на крај завршуваат со неуспех, ние се разочаруваме во нашите сили и сфаќаме, дека имаме потреба од поддршката на групата, и од помошта од Вишото. Многу е важно да се кренеме над своите состојби, над двете линии, бидејќи тоа веднаш го става човекот на почетната точка од директниот пат кон Создателот – средната линија.

Од утринската лекција според статијата „Шамати“ -18.10.2012

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica