Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Срцето на човекот - помеѓу два огнови

29.12.2010 -

Прашање: Со почеток на кризата многумина го прифаќаат тоа што го зборува кабалата и се согласуваат дека нам ни е неопхобно соединување, и дека за се е виновен егоизмот. Но тие прашуваат: "Што поточно треба да се прави?"Ние не можеме да ги натераме сите да го учат Зохар?

Одговор: Се разбира дека не е можно сите да ги натераме да ја учат кабалата ако немаат стремеж за тоа. Но потребно е тие да ги научат основните поими за кои зборува Баал ХаСулам во своите статии, само во лесна достапна форма: за општеството, за сеопштата поврзаност, за неопходноста на соединувањето, за поинаков однос еден кон друг. Тоа ќе биде доволно за да се привлече кон себе силата на развојот.

Слично како кога создаваме книга за деца на разбирлив за нив јазик со слики во боја. Но таа ги учи и ги развива. А на возрасниот човек треба да му се даде друга книга, соодветна на неговиот развој. Но тоа е истиот материјал, само поедноставен, прилагоден на секоја група: за мажите, жените, децата. Ако статиите на Баал ХаСулам се скратат и адаптираат, тие можат да стигнат до умот и срцето на секој човек.

Ако пак веднаш прашуваат што треба физички да се прави – одговорот е: "Ништо не треба да се прави!" Ако започнеме да дејствуваме само физички, тогаш ќе ја уништиме методата. Пред сè треба да се промени својата мисла – таа понатаму ќе го среди сето друго! "Сè се разјаснува во мислата" – невозможно е да се почнува од дејствата. Единствените наши дејства се ширењето на кабалата и тоа што помага за внатрешното соединување. Никакви други дејства не се потребни.

Секоја трпеза или конгрес се само можност за соединување. Сè е насочено само навнатре. Кога би можеле да поминеме без нив – не се потребни никакви дејства. Нам ни е потребно да го поправиме срцето. Овие статии треба да станат "народна сопственост" – сите треба да ги разбираат, да расправаат за нив, да се запознаат со нив.

Зависно од тоа како истовремено човечкото општество ќе поминува преку тешките случувања кои нè очекуваат, ќе забележите како едното ќе се соедини со другото. Човекот ќе се најде во средината. Од една страна Создателот ќе го притиска со надворешно и внатрешно растечката криза. А од друга страна тој ќе ја има науката кабала во достапна форма, приврзана на човекот – и човекот ќе почне да се менува. Тој ќе се најде помеѓу овие две влијанија, од едната страна – страдањата, од другата страна – методот на кабалата, Светлината.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /29/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica