Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Стани Создател на самиот себе !

Прашање: Што ќе ни помогне да гледаме на групата така, за да ги гледаме во пријателите само квалитетите, а не недостатоците?

Одговор: Групата – тоа е како зголемувачко стакло или очила, без кои е невозможно да се види Создателот. Јас ќе Го видам Него само, ако гледам преку групата. Таа е мојот духовен сад и инструмент за откривање на Создателот. И тука ќе помогне само љубовта...Љубовта го потиснува нашето его, и тоа започнува да делува во обратна форма – како желбата за насладување, која ја користат поради давање. Затоа само односот одредува се – нашата проценка за важноста на пријателите.

Во секојдневниот живот, кога човекот си поставува егоистична цел: тој на едно место работи, на друго – зема плата и купува нешто трето – сето тоа не се соединува едно со друго. Во духовното – се се обединува внатре, во едно место: и напорите, и наградата, и самата цел, и резултатот – сето тоа се делови од една целина. Затоа нам ни е така тешко , бидејки ние се навикнавме дека во материјалниот свет тоа е се одделено.

Но треба да се разбира дека јас и пријателот, јас и Создателот, далечните за мене луѓе и блиските, малите во однос на мене и големите, рамните на мене – сето тоа го прави моето "кли", внатре во кое јас откривам се, дури и самиот себе! Додека јас не го откријам тоа кли – јас уште нема дури ни да постојам! Тоа нема да бидам јас, туку целосна лага, некое парче на егоизмот, со кое што јас засега се поистоветувам.

Кога ние откриваме, што се подразбира под поимот заедничка душа – односно групата, таму внатре ние се откриваме самите себе и откриваме се. А сега засега кај мене постои само точката на разбивање, скратување, оддалечување, која се наоѓа надвор од духовното, надвор од Создателот. Нам ни е даден осетот, дека се наоѓаме надвор од вистинската реалност, во некој си сон, замислен свет. Ако наоѓајки се во овој сон јас од него ќе успеам да изградам вистинска реалност, внатре во која се соджи општеството, Создателот и вистинскиот "јас" – тогаш ќе можам да влезам во неа! А засега јас само си го замислувам својот живот.

Целата таа идна реалност – е групата која јас морам да ја изградам. Јас сам го градам својот духовен свет, својата душа. Бидејки токму тоа е мојата душа, која јас ја градам од таа лажнам илузорна реалност, од сонот, во кој ме нурнаа, за јас да станам Создателот на самиот себеси! И тогаш јас, групата и Создателот – се соединуваме заедно, и доаѓаме до целосно единство и спојување.

Од утринската лекција 15/08.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica