Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Стихијата ја потресува планетата

Соопштение: Уште пред четири години ООН предупреди, дека човештвото влегува во ера на екстремни метеоролошки појави. Појавите, кои порано се регистрирале една во 100 или 200 години, ќе се повторуваат по само неколку години. Светската заедница има можност да дискутира за животно важните прашања на конференцијата за клима, која се отвора во Варшава. Но едвај вреди да се очекуваат некои кардинални решенија. Научниците сметаат, дека човештвото ќе може да издржи во рамките на покачувањето на глобалната температура за два степени, што се смета за граница, над која нè очекува катастрофа. Но два степени – е среден показател за целата планета, треба да се земе предвид, дека во Европа покачувањето на температурата може да стигне до 6 степени - и лето, како летото во 2003 година, кога жештината доведе до смрт на десетици илјади луѓе, ќе се повторува секоја година. За сите е започната ерата на екстремни показатели.

Реплика: Дури кога би престанале да ја загадуваме атмосферата, земјата и океаните, дури кога би можеле да исчистиме сè што сме загадиле, кога би ја вратиле екологијата во состојба од почетокот на минатиот век – ние сеедно би ги доживувале ударите на природата, само можеби во малку поинаква форма. Затоа што таквиот однос на природата кон нас произлегува од нашето спротивставување на нејзината интегралност, заемната поврзаност, заедништвото и нашата спротивност на сето тоа. Сè додека не се излечиме, и престанеме да претставуваме карцином во телото на природата, ние нема да престанеме да предизвикуваме врз себе сè поголеми удари на стихијата.

Да надминеме и да продолжиме!

Од статијата № 56 „Шамати": Во Талмуд е раскажана историја за тоа, како раби Елазар, синот на раби Шимон, јавал на магарето покрај брегот на реката, и сретнал многу грд човек. Патникот се поздравил со него, но раби Елазар не одговорил на неговиот поздрав, туку извикал: „Колку е грд овој човек! Зарем сите во вашиот град се исто толку грди, како ти?“ И тој му одговорил: „Обрати се кај мојот Создател и пожали се, дека толку грдо суштество Тој создал“. Видел раби Елазар дека погрешил, и слегол од магарето... Бидејќи човекот согледал, дека не е моќен да се крене од својата состојба, му се открил пророкот Елијау и рекол „Обрати се кон мојот Создател“. Бидејќи, ако Создателот го создал во тебе сиот тој ужасен егоизам, Тој точно знае како со тие желби да се достигне совршената цел. Затоа, не се грижи, оди напред и ќе упееш!

На крајот, сè се сведува на работа во групата, над нашето соединување. Во тоа соединување ние мора да ја изучуваме внатрешната Тора (кабалата), за да ја привлечеме кон центарот на соединувањето Светлината, која враќа кон Изворот. Бидејќи ние сакаме тоа да се реализира во форма, во која ние ќе почнеме веќе да го чувствуваме Создателот. Желбата за тоа треба да ја формираме работејќи меѓу себе, а истовремено и со надворешните желби, занимавајќи се со распространување. Односно, јасно е дека тука постојат три круга. Најнадворешниот круг е светот, кој бара подобрување на неговата состојба, но се наоѓа одделен од духовното. Потоа сме ние – како преоден адаптер. Ние сакаме постојано да бидеме соединети со Создатело,т и се стремиме кон духовното, сакајќи да станеме дел од суштеството, кој дава. Третата компонента е Вишата сила, Создателот, нашето вишо скалило, кое се преслекува во нас, и го реализира целиот тој процес.

Ако се наоѓаме во правилна група, правилно учење и намери, тогаш според големината на нашето напредување, добиваме сè поголемо влијание на Вишата Светлина, и се разбира, се чувствуваме себеси (своите особини) сè „погрди“. Треба да продолжиме да ги изучуваме тие состојби, сите тие чувствувања на нашата грдотија: секое поединечно и сите заедно, да ги поминеме падовите, да се измачуваме заради нашата ништожност, да се воспримаме себеси и сите, како тотални нули. Но врз сите овие чувства влијае Светлината и нè доведува до соединување и наполнување. Така ние напредуваме. Затоа раби Елазар се совладал себеси и го продолжил патот. И ние треба да го правиме истото, да надминеме и да продолжиме.

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 15.11.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica