05.05.2011 - Само оној кој може да се издигне повисоко од својата егоистичка желба, го достигнува чувството на страв. Тој гледа дека не може да се издигне, но секако дека мора, бидејќи над неговата желба за наслада се наоѓа духовниот простор, областа на Создателот, совршенството. Тогаш го фаќа страв, дали ќе добие помош за да се издигне над себе?
Тој страв може да биде егоистичен; кога се плашам дали ќе добијам духовно исполнување или не. Но, може да биде и корисен страв, да помислам на себе (што се нарекува „ло лишма"), но во крајна мерка, во насока на духовната цел, кон својството на давање („лишма"), сфаќајќи го како сопствена добивка.
Потоа доаѓаме до „совршениот страв", сфаќајќи дека и резултатите од промената во својство на давање треба да доведат до заедничка корист, а преку користа на заедницата и корист на Создателот. Сето тоа со човекот го прави Вишата Светлина и затоа целиот овој процес се нарекува „Тора".
Секогаш „ќе сретнеме по патот" грд човек кој живее во нас, кој не сака ништо освен лична корист. Тој секогаш се труди да измени сè за да се издигне над другите, да ја зголеми својата власт и гордост. И ако не успеам да се спротивставам на овој изрод, да се плашам од ова свое својство, но не уништувајќи го, осознавајќи го и заблагодарувајќи му за тоа што ми го откри моето зло, тогаш во мене ќе се развие страв кој ќе ми помогне да добијам желба, сад (кли) да откривање на Создателот.
Постепено сите сфаќања ќе добијат правилни определби и јас ќе почнам да осознавам дека духовното се наоѓа повисоко од мојата егоистичка желба. Ќе сфатам дека ќе Го откријам Создателот, совршенството, давањето, љубовта кон ближниот, духовниот свет, само ако се издигнам над своето „Јас".
Затоа сè е засновано само на силата на стравот и трепетот, било да се наоѓам во својот егоизам, но, не го забележувам тоа или всушност веќе сум се издигнал над него. При издигањето над својата желба има многу скалила кои постепено ќе ги објаснуваме. На секое скалило ми се чини дека сум се издигнал над својот егоизам, се радувам и Му благодарам на Создателот за тоа што Тој го направил со мене!
Потоа здогледувам – не, и тоа бил мојот егоизам, само што тој се криел од мене. И над него треба да се издигнам.
На почетокот на следното скалило јас пак се радувам дека најпосле сум успеал да се издигнам над своето его и сега сум настроен за давање. Но, и таму помалку откривам дека и тука не е крајот и дека во мене останале егоистички делови. И одново ја замразувам својата состојба и барам големо издигнување – и така до самиот крај на поправката (Гмар тикун)...
Бидејќи кажано е: "Она што за високото е заминување, тоа е храна за ниското". Така се издигаме по скалилата, секогаш благодарение на Светлината која се враќа кон Изворот. Таа Светлина се нарекува Тора, таа го открива стравот (ира) во човекот, каде тој може да го види (ире) Создателот, својството за давање, кое владее со сите и амбиентот на целата желба за наслада на битието.
Од лекцијата според статија од книгата “Шамати“ од 05.05.2011