Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Стравот од иднината е наш помошник

 

Прашање: Постои ли начин да се избегне точката на катастрофално раздвојување и да се тргне на добар пат навреме? 

Одговор: Паметен човек е оној кој може да го предвиди исходот што следи, и бидејќи може да го види јасно, тој може да ја промени сегашноста. На пример, човекот сака да направи нешто што ќе му донесе инстантно задоволство; меѓутоа, гледајќи дека таа постапка ќе резултира со страдање во иднината, тој ќе ја поништи желбата за ова задоволство, ќе стане претпазлив и ќе има сила да го надмине нагонот. На пример, ако зависинк од дрога ја види сликата што следува заради употреба на дрога, тоа ќе го убеди да се откаже.

Затоа на луѓето треба да им се покаже слика од ужасната иднина, иако не сакаме да ги плашиме луѓето. Многу е тешко да се презентира таква информација, но бидејќи луѓето ги затвораат очите пред она што е случува, неопходно е да се најдат соодветни средства да се информираат за опасностите. Затоа сега има сé повеќе и повеќе филмови на оваа тема.

Се надевам дека разумот ќе надвладее. Гледам како тоа се случува во нашата свесност за природата на злото, иако повеќе би сакал побргу да се случи. Но само визија за опасна природа и страв може да му помогне на човекот, ништо друго нема да го запре.

Од „Разговор за интегрално воспитување“ 13/06/12

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica