15.09.2010 -
Јом Кипур – е Судниот ден, кога се открива кли (желбата) која треба да ја поправиме. Рабаш во многу статии пишува дека човекот стигнува до Судниот Ден во согласност со својата внатрешна состојба која може да се открие без секаква поврзаност со почетокот на празникот според календарот.
Секој од нас во својот личен развој ги поминува овие состојби, подеми, наречени "Рош Ашана" (Нова Година), "Јом Кипур" (Судниот Ден) и други. Јом Кипур - е многу висока состојба и потребна е огромна Светлина која влијае врз нас да го открие тој ден, тоа скалило во нас. За тоа е потребна цела низа на дејства. Човекот вложува големи напори во групата, внатре во нашето соединение, каде што некогаш се случило разбивањето. Местото на разбивање ни е дадено за да го поправиме. Тогаш ќе сфатиме што се нарекува поправка, каква е структурата на тоа место, како Вишата сила го создала и како го поддржува. Така ние го откриваме Создателот.
За да се достигне тоа ние вложуваме напори во согласност со главното правило на Тората "сакај го ближниот свој како самиот себе". Како што ни советуваат кабалистите ние не го реализираме во целото човештвото, бидејќи тоа е невозможно. Туку пред сé во една или неколку помали групи. Трудејќи се да го реализираме ова правило според методата на кабалистите во соединувањето меѓу нас, од љубовта кон суштествата да се достигне љубов кон Создателот, ние откриваме во кој степен не престојуваме во особината на љубов и давање.
Не станува збор за нашиот живот во овој свет – колку ни е лошо или добро, не го проверуваме со тоа злото и доброто, не доаѓаме со тоа до Судниот Ден. Само ако се наоѓам во групата, тежнеам кон меѓусебно соединување, ја пробудувам Светлината која враќа кон Изворот и таа ми свети, - тогаш јас гледам колку сум потонат во омраза и одделеност од своите пријатели, од тие кое се стремат кон обединување, за во него да го откријат давањето, Создателот. Јас ја откривам во себе силата на одделувањето, силата на разбивањето – и само за неа можам да речам дека го открив злото. Само со тоа зло јас можам да дојдам кон Создателот и да побарам од Него поправка.
Тогаш Судниот Ден станува Ден на Радост, бидејќи јас ја открив болеста на егоизмот, својата природа, која треба да се поправи. Јас го открив условот " Го создадов егоизмот" и сега можам да го молам Создателот за Тора – силата да го поправам, затоа што понатаму од Него е речено "И ја создадов Тората за негова поправка, зошто Светлината во неа враќа кон Изворот", т.е. кон Мене.
Затоа само после тешка работа во меѓусебното соединување, откога Вишата Светлина свети од нивото на месецот ЕЛУЛ ("Јас – кон Саканиот, и Саканиот – кон мене") само по достигнувањето на Рош Ашана, посакувајќи Нов Почеток, нова промена во патот, стремејќи се само кон меѓусебното соединување, - раѓањето на новиот систем – новиот Човек (Адам) во нас, - само после тоа ние доаѓаме до состојба во која ги проверуваме сите наши 10 особини, и 10-иот ден по Новата Година, почетокот на новиот пат, доаѓаме до Судниот Ден, тогаш од една страна ние навистина се наоѓаме во состојба на целосна безнадежност и беспомошност, а од друга страна во огромна радост поради тоа дека конечно можеме сега така да извикаме кон Создателот, за да Тој ни помогне. Целосно сме уверени дека Тој ќе ни помогне бидејќи ние веќе се проверивме и сфативме дека сите престојуваме само во зло и не можеме ништо со него да сториме.
Од друга страна во нашата меѓусебна поврзаност ние стекнавме сигурност дека во таков случај Создателот помага и го чека токму тој момент. Баал ХаСулам пишува, дека "нема посреќен момент во животот на човекот од тој кога тој открива дека целосно е исцрпен и не верува во своите сили, зошто ги вложил сите можни напори кои можел да ги вложи, но ништо не постигнал. Затоа што токму во тој момент, во таква состојба е подготвен за целосна јавна молитва, молитва-молба, молитва кон Создателот!".
Токму тој миг се нарекува Судниот Ден. Од тој момент понатаму човекот е веќе сигурен дека ќе ја добие Светлината на поправката.
Од лекцијата според статиите на Рабаш, извадоци за Судниот Ден, 15.09.2010