28.04.2011 -
Прашање: Како да не се падне на патот кон целта на творбата и никогаш да не се заборави нејзината важност?
Одговор: За тоа е потребно човекот цело време да се засилува, да се зголемува важноста на целта, да се бара што уште е можно да се додаде во кој било мал детал, кон својот стремеж за давање. И тогаш тој веќе нема да паѓа. Тоа е можно само при услови на добро, силно опкружување. Тогаш имаш на што да се потпреш, со чија помош да се засили својот стремеж!
Опкружувањето ќе те држи, затоа што ти никогаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе се одржиш на тој пат, дека нема да престанеш да ја осознаваш важноста на духовното, дека нема да го изгубиш сознанието во следниот момент.
Сè може да се случи на духовниот пат и тука може да ни помогне само опкружувањето, како што во нашиот свет луѓето му помагаат на човекот кој паднал во бессознание и го освестуваат. Тој сам не може да си помогне и му останува само да се надева само на луѓето околу него.
Исто така е и во духовното – сè зависи од опкружувањето. Но човекот е обврзан цело време да ги изострува, да ги прецизира своите насоки на духовниот пат, за да ги нарекува паѓања само оние состојби кога тој го губи чувството за важност на давањето и љубовта кон другите (вклучувајќи го и Создателот).
Сите останати состојби тој воопшто не треба да ги носи на духовниот пат, туку само во материјалниот живот кој исто така му носи разни впечатоци и промени, повеќе или помалку пријатни. Но својот живот мора јасно да го подели на две половини: една што се однесува на материјалното или друга што се однесува на духовното. И цело време да се грижи за духовното, односно сè што се нарекува духовно: давање повеќе од самиот себе, од својот интерес, стремеж кон ближниот, надвор од „својот круг". Тоа треба да ти е најважно.
Но, ако се исклучиш од овие сфаќања или некако изгубиле важност за тебе и ти се надвор од твојот поглед, ти излегле од срцето, тогаш тоа ќе го наречеш паѓање и ќе се грижиш да се зајакнеш за да не се повтори ова, во крајна линија, не во такви состојби. Се разбира дека ова ќе се случи пак и на повисоко ниво, но секојпат ти ќе се креваш уште повисоко.
Најважно е уште од порано да почнеш да бараш како да ја зголемиш својата чувствителност, важноста да се биде во духовен стремеж за достигнување на својството давање. Тогаш ќе страдаш, секој пат откривајќи дека треба уште да додаваш во тој твој стремеж. И тоа ќе бидат страдања од љубов, затоа што во нив ќе откриваш нови празнини каде што може да се додаде својот стремеж кон Создателот. Овде ќе сфатиш дека во тие страдања од љубов, Создателот оди до тебе и те просветлува со Светлина секој пат на ново место, откривајќи нови празнини, за да Му се доближиш и да ја засилиш својата врска со Него.
Затоа така и се нарекуваат – страдања од љубов, бидејќи се чини како Создателот да се оддалечува од човекот. Како мајката која го учи своето бебе да оди, отстапува од него на неколку чекори, а потоа ги пружа рацете и го вика, за тоа да направи уште еден и уште еден чекор до неа (тоа е пример Баал Шем Това). Така ни се откриваат страдањата од љубов...