Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Таму - каде што се сретнуваме со Создателот

02.01.2011 -

Сé додека не ја утврдиме нашата желба за насладување, додека не откриеме во неа цел систем на врски и компоненти на нејзините особини, таа ни се чини само желба, која не е ништо посебно. Но кога почнува да се открива нејзината длабочина, ние забележуваме колку овој систем е сложен.

Така во квантната физика научниците сé подлабоко навлегуваат во материјата, секој пат откривајќи цел свет внатре во сé помалите елементарни честички кои претходно се сметале за неделиви. Така ние сé подлабоко навлегуваме во желбата за насладување. Но што гледаме ние во неа?

Гледаме дека Вишата Светлина, која ја создала желбата за насладување влијаела врз неа и во неа создала четири фази на директна Светлина. Во тие четири фази, бидејќи Светлината навлегла внатре во желбата за насладување, таа гради во неа своја лична структура.

Во самата желба за насладување всушност нема ништо освен желбата. Меѓутоа Светлината создава во неа разлики според петте фази на авијут/дебелината на желбата (шореш, алеф, бет, гимел, далет), сефирот, светови, парцуфим, линии, неограничен број на врски и форми, од кои секоја има свои особености. Неограничен број на разлики – и сите тие доаѓаат од Светлината.

Затоа, колку повеќе ја откриваме желбата за насладување, толку повеќе ја откриваме Светлината, Создателот, Неговата природа. Но Го откриваме од материјалот, желбата за насладување, - и тоа се нарекува "форма навлезена во материја".

Ние не го откриваме Создателот лично, туку дејствата, кои Тој ги извршил во материјалот – и од нив Го дознаваме Него, како што е речено: "Од дејствата Твои Те дознавам Тебе". Ние продираме во самиот материјал. Создателот навлегол внатре во материјалот, а ние се откриваме себеси како се наоѓаме внатре во истиот материјал, - и таму се сретнуваме со Создателот. Затоа Ацмуто останува неспознаен.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica