Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тајната на исчезнатите томови на книгата Зохар

Книга Зохар. Глава „Емор”, т.140: Во Песах има седум денови, и во Сукот има седум денови. Совршената радост на празникот Сукот се манифестира другиот ден, на Шмини Ацерет (осмиот, завршен ден на празникот Сукот). Тогаш зошто нема седум денови во Шавуот? Затоа што Шавуот е време на дарување на Тора, што е  најважното. Песах е десната линија, Сукот е левата линија, а Шавуот е средната линија, што ги вклучува во себе претходните две линии. И во тој случај, во него тие седум денови треба да се присутни повеќе, отколку во нив.

Песах, Шавуот, Јом Кипур (Судниот Ден), Рош ХаШана (Нова Година), сите празници, и воопшто сите денови од годината – се скалила на духовната скала. 6000 години (целокупниот период на поправката на светот, Гмар Тикун) се дели  на три периоди од по 2000 години секој, кога се откриваат келим/желбите ХАБАД, ХАГАТ и НЕХИ, или световите Брија, Јецира, Асија. Душите, што се наоѓаат во тие светови дејствуваат така, што со тие светови се креваат во Ацилут. Откога ќе се искачат во светот Ацилут, тие ги разбираат тие посебни празници, саботите и деновите на неделата. Затоа тука се зборува за духовните состојби, и Зохар објаснува зошто во Шавуот нема седум денови, како во Песах. Потребно е да се сфати, дека книгата Зохар, која стигнала до нас, е составена од посебни, сочувани делови и инсерти, понекогаш такви, во кои објаснувањето се прекинува на средина, и нема продолжување. Тоа е сè што ни преостанало. Согласно со Вишото Управување, повеќе и не ни е потребно.

Авторите на книгата Зохар направиле многу повеќе. Тие напишале можеби сто тома – тоа што го спровеле, придонеле, откриле и извршиле во целокупниот систем на душите. Баал ХаСулам и Рабаш објаснуваат, дека мудреците на Талмуд ни го подготвиле овој систем на таков начин, што сега Светлината дејствува преку него, ние од него добиваме надополнување и немаме потреба да живееме испоснички живот пред да започнеме со нашиот духовен развој. Истото го направиле и авторите на Зохар. Баал ХаСулам исто напишал многу книги – и ги спалил. Што корист од тоа? Користа е во тоа, што тој дал придонес за самиот систем, ни подготвил цел систем за поправка. Истото важи и за авторите на Зохар. Од целата книга ни останале само коментарите за Тора, и тоа само делумно. Додека пак во неа имало многу повеќе – коментари и за книгата на Пророците, и за книгата на Писанијата, за целиот Танах. Ние тоа го  немаме. Тие ги напишале – и тие делови исчезнале, бидејќи требало да се однесуваат само на поправката на самиот систем. Ние пак, го добиваме тоа кога го откриваме системот. Така сè функционира. Исто и во духовниот живот на човекот – еден дел веднаш оди во системот, а дел се открива. Така и во нашите дејства – дел се открива, а дел е скриен.

Неразредена Светлина во максимални дози

Низ историјата имало луѓе, кои достигнале духовно откривање со помош на изучување на повеќе надворешни делови на Тора: Мишна, Талмуд, а не со помош на кабалата, т.е. со поинаква форма на презентација. Бидејќи целата Тора говори за поправката на човекот, токму затоа сме ја добиле. Сите тие текстови раскажуваат за состојбите што ги поминува човекот на својот пат во напредување кон Создателот, кон спојувањето со Него и кон сличноста. Проблемот е само во формата на презентацијата. Сите тие начини на пренесување не се исти во однос на Светлината, која враќа кон Изворот, секој начин поседува различна моќ на Светлина. Најмоќната Светлина е содржана во науката кабала. Тоа се небаре четири скалила, четири слоеви што ја задржуваат Светлината на нејзиниот пат одозгора надолу, до човекот. Јазикот на кабалата – е чиста Светлина. Кабалата не ја ограничува Светлината, и не става филтри на нејзиниот пат, не ја заслабнува. Затоа, кога човекот учи и ги споменува духовните поими што се однесуваат на неговата душа, со тоа тој предизвикува врз себе силна Светлина, која го поправа и брзо го приближува до целта. Ако пак тој ја изучува Тора во друга форма на презентација, тогаш истите идеи, истата Светлина поминува преку задушувачки филтри и доаѓа до човекот веќе значајно заслабната. И затоа таа Светлина е недоволна за да го доведе човекот до поправка. Четирите јазици (форми) на Тора: Пшат (едноставно толкување), Ремез (навестување), Друш (алегорија) и Сод (тајна) одговараат на световите Ацилут, Брија, Јецира, Асија. Ако човекот ја изучува науката кабала, т.е. учението (Тора) на светот Ацилут, тогаш до него директно доаѓа Светлината, која враќа кон Изворот. Ако пак ја изучува на друг начин, тогаш во зависност од методот, добива сè помалку и помалку Светлина. Така кабалата ја објаснува поделбата на нивоа: Пшат-Ремез-Друш-Сод. Иако вообичаено, прифатено е токму спротивното, дека Пшат (едноставното толкување) е буквално сфаќање, а Сод (тајна) е духовно достигнување.

Има повод за радување!

Бидејќи суштеството според својата природа е спротивно на Создателот, и истовремено мора да ја достигне формата слична на Него, ние секогаш во себе содржиме две спротивности. Нашата внатрешна форма, нашата желба за насладување е спротивна на Создателот, а надворешната форма на таа желба треба да одговара на Создателот. И таа спротиставеност, противречност нè уништува. Ние не сме способни да се справиме со тоа сè додека не се вклучиме во вистинска духовна работа. Тука се одвива ист развој, како кај секој духовен сад. Во почетокот постои само желбата за насладување. Потоа на неа се прави скратување, после скратувањето се создава екран и Одразена Светлина, а потоа оди примање на Светлината и наполнување. И тоа наполнување не се наоѓа внатре во садот, во желбата за насладување, туку прима форма на давање, во која што суштеството се поправило себеси во заличувањето на Создателот.

Во суштеството, кое ја достигнало сличноста со Создателот, постојано се присутни тие два спротивни дела. Од една страна, согласно својата природна желба суштеството е спротивно на Него, но од друга страна, формата на поправената желба е слична на Создателот. И затоа тагата и радоста, празнината и совршенството се неразделиви едно од друго. Токму таа противречност ја прави нашата работа совршена, затоа што во таква форма ние можеме да се исклучиме од нашето „јас”, односно од егоистичката желба, да се кренеме над неа, и да зборуваме од желбата за давање од висината, која сме ја постигнале и сме ја изградиле над себе. Токму затоа има заповед, да се работи за Создателот во радост, бидејќи тоа е најопшта формула. Внатре во своите желби за насладување ние секогаш ќе ја чувствуваме нашата спротивност и празнината, и ќе се радуваме на тоа што имаме можност да работиме над тоа чувство. Дури и да немам сила за молење, и да немам за што да молам – тоа е исто така знак, дека се наоѓам на вистинскиот пат, штом чувствувам таква горчина во својата желба за насладување. Тука сретнуваме две спротивности: од една страна, јас не можам да се молам, не можам да Му се обратам на Создателот, немам за што да Го молам, и немам што да Му дадам. Но од друга страна, јас многу тежнеам кон тоа и знам, дека тоа мора да го постигнам. Тоа се веќе две сили, две линии, две спротивни насоки, што сведочи дека мојата желба се наоѓа во правилен процес на поправка. Самото тоа ми е доволно за да престојувам во радост! Главно е сфаќањето дека успеав малку да се поткренам над својот егоизам во насока на давањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica