Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Техника на подемот по духовните скалила

22.09.2010 -
Прашање: Вие објаснувавте, дека на секое од 125-те скалила однапред ни се подготвени желбата (левата линија) и Светлината (десната линија), и соединувајќи ги заедно правилно човекот со тоа се искачува на нивното скалило. Што тоа практично значи?

Одговор: Во Природата постојат две сили – на давање и на примање, "+" и "-", десна и лева линија. И двете произлегуваат од Создателот, а јас треба да составам од нив средна линија.

Левата линија – е силата на примање, десната – силата на давање. Јас треба да ги соединам поставувајќи помеѓу нив "отпорник" (R) или "мотор" (M). Јас ги соединувам – и тогаш тие работат од мојот напор (R или M). Резултатот на моите дејства, отпорникот или моторот кои работат, се нарекува "душа" или "човек". Да речеме јас во себе изградив човек на првото скалило. Сега пред мене има следно скалило. Во што е разликата меѓу "човекот" на првото и на второто скалило?

Јас треба повеќе да ја кренам "вербата над знаењето"(давањето над примањето), да создадам екран кој заедно ги соединува, да го доведам кли до сличност на Светлината, да ја привлечам Опкружувачката Светлина, за таа да ми помогне да го изградам екранот (соединувањето помеѓу десната и левата линија).Желбата со екран треба да е слична на Светлината. Степенот на примањето во левата линија треба да е еднаков со степенот на давањето во десната линија. Ако јас тоа го достигнувам – се здобивам со следното скалило.

Од лекцијата според статијата на Рабаш 22.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica