Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Толку ни е потребна Вишата Светлина!

Прашање: Човек, кој учи кабала, треба да се држи за колективот. Како секоја група се вклучува во светската група? На кој начин тоа се случува?

Одговор: Секоја група треба сепак да се држи за себе, и да се обиде внатре во неа да создаде колектив. Колективот треба да биде заснован само на едно - на заемната поддршка. Ние ништо не бараме еден од друг! Пред сè, ние само меѓусебно се поддржуваме. Барањата доаѓаат потоа. Ако човекот не сака во ништо да учествува, но сепак доаѓа – дозволете му да доаѓа! Тој постепено ќе почувствува срам, и ќе почне да учествува во сè. Треба да се обидеме што повеќе да ги привлекуваме луѓето и да им дадеме можност да предизвикаат барем малку Виша Светлина врз нив – таа денес толку на сите ни е потребна! А потоа да се соединуваме со групите. Не знам како да кажам, но само 20-30% од луѓето што седат пред мене ги знам по име. Затоа што за мене не постои име на човекот, јас го чувствувам неговиот внатрешен лик, како некој облак. Не се сеќавам на лицата на луѓето, не им ги знам имињата – за мене сето тоа е апсолутно измешано. Јас ја чувствувам нивната внатрешна конструкција. Мислам дека нас нè очекува прекрасна иднина. Ве молам, до последниот момент обидувајте се да извлечете најдобри напори од секоја наша активност во врска со нашето поврзување, да ги исцедите сите сокови, за Светлината да влијае врз нас.

Од утринската лекција,23.11.2012, на Каб.Тв

Земјани – напред!

Прашање: Дали желбата да се спознае Создателот ќе се појави кај сите луѓе на Земјата?

Одговор: Сама од себе – нема. Луѓето, во кои оваа желба се појавува, се нарекуваат „Исраел” (“јашар кел”), што во превод значи движење напред, самостојно насочување кон таа цел. Но има луѓе, кои го немаат тоа самостојно движење, но кризата, која и понатаму ќе се развива, ќе ги принуди да бегаат од неа. А каде ќе бегаат? – Нема каде. И тогаш тие несакајќи ќе се приклучат кон оние, кои што се стремат напред. Односно во нив ќе се појави желба да избегаат од невољите – притисок одзади, а не стремеж за напред, кон целта. По таков пат ќе се движат кон поправката, кон целта на создавањето, Тоа ќе го сторат 90% од земјаните.

Трпеза во тишина

Прашање: Дали на конгресот во Новосибирск трпезата ќе се одвива во тишина – како што во негово време правел Рабаш?

Одговор: Тоа зависи само од вас, јас сум подготвен на сè. Јас треба да дејствувам така, како што вие одбирате во рамките на нашата вообичаена работа. Меѓу вас има нови, има ветерани, и т.н. Затоа вие одберете што вам ќе ви одговара. Ако заклучиме, дека имаме посебно расположение, посебна возбуда, посебна внатрешна поврзаност, ако видиме дека имаме за тоа добра причина - вреди да се одржи таква трпеза, и токму во таа внатрешна заемност да се почувствува тишината, која се наоѓа меѓу нас. Јас сум во големо очекување на тоа и се надевам дека тоа ќе се случи. Всушност, ве очекувам сите на тој конгрес.

Од утринската лекција, 23.11.2012, на  Каб.Тв

Европа треба да се соедини

Мислење: Европа треба да се соедини. Х. Солана, екс.генерален секретар на НАТО: Европа треба да се соедини, да излезе од кризата и да го спаси светот. ЕУ е најголема економија на светот – 15,5 трл. евра – повеќе отколку БДП на САД. ЕУ е втор по ред најголем извозник и втор увозник на стока. Токму таа јака економија е изградена според институциски модел, кој воопшто не е соодветен за решавањето на проблемите, предизвикани од кризата. Ако процесот на интеграција не го забрзаме сега, тогаш социјалните проблеми ќе надвладеат, и ќе ја растурат ЕУ пред земјите да стигнат да се соединат. Ако Европа се соедини – таа ќе послужи како пример на целиот свет. Сега светскиот политички систем е мултиполарен, но земјите не сакаат да се придржуваат на истите правила. Тоа е подлога за потенцијални конфликти. Токму искуството на интеграцијата на Европа ќе може да ги спречи. Целиот свет  може да стане како грците. Ако европјаните не се справат со кризата, тогаш сите тие ќе станат како грците...

Реплика: Јас би додал уште еден услов: Ако ЕУ не ја прифати интегралната методика на поправка на кризата (интегралното воспитување) – таа ќе стане лош пример за целиот свет!

Од Блогот на М. Лајтман на руски јазик

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica