Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Точка на соединување на човекот и Создателот

Прашање: Зошто Баал ХаСулам ни раскажува за тоа како екранот се крева и се спушта, Бина се меша со Малхут и т.н.? Зошто е потребно да ги знаеме сите тие детали?

Одговор: Баал ХаСулам ни раскажува за нашите основи, за корените. Затоа што човекот во нашиот свет или функционира како животно грижејќи се само како да се наполни себеси и не се интересира за ништо друго. Ако нешто се случува на милиметар од него нему тоа му е сосема сеедно. Или го мачат прашањата: кој сум, од каде, зошто живеам, со каква цел? Ако во човекот се создаваат прашања кои малку излегуваат надвор од границите на неговото тело тие веќе припаѓаат на човечкото ниво а не на животинското. Животното е целосно затворено во себеси самиот.

Науката кабала ни ги објаснува сите корени кои се однесуваат на нивото на човек, односно сѐ за што јас можам да се запрашам за она што се наоѓа надвор од мене. Надвор од мене значи надвор од моето телесно постоење. Телесното е во границите од раѓање до смрт, цело време додека телото живее. Животното се грижи само за тоа. Но на човечкото ниво прашуваат: од каде сум дошол и каде одам? Односно овие прашања не се однесуваат на мојот внатрешен систем туку на надворешниот. Потребно е јас да го откријам и тогаш ќе добијам одговори на сите прашања: кој сум, зошто, што со мене се случува. Затоа кога го читаме описот на вишиот систем во кабалистичките книги нам тоа може да ни е неинтересно но може да ни биде многу интересно – зависно од тоа во кој степен ние откриваме дека тој расказ се однесува на самите нас. Тоа се однесува на нашето однесување на животинското ниво и на духовното исто така. Дух се нарекува она што се наоѓа надвор од телото.

Во статијата „Вовед во науката кабала“ Баал ХаСулам ни раскажува за нашите основи. До некој момент тој раскажува за самата Малхут, за нејзиното распространување одозгора надолу. Самата Малхут се смета за животинско ниво. Но Малхут поврзана со Бина веќе претставува основа, корен за човечко ниво. Бидејќи заради својата поврзаност со Бина Малхут може да стане слична на Бина и на таков начин да го достигне нивото на Кетер, односно Создателот. Затоа за нас е толку важна состојбата на соединувањето на Бина со Малхут. Всушност тоа е точка соединување на човекот и Создателот.

Од лекцијата по „Воведот во науката кабала (Птиха)“, 23.06.2014

На завршната етапа на поправката

Нимрод, царот на Вавилон е олицетворение на заедничката Малхут. Тоа е сила на примање за која подоцна зборува египетскиот Фараон: „Создателот ќе ми служи мене!“ Додека Авраам пак рекол: „Ние ќе му служиме на Создателот“.

Тоа е целата причина на расцепот меѓу Нимрод и Авраам, а потоа меѓу Мојсеј и Фараонот. Целиот спор се води околу тоа кој ќе владее, кој е газда? А точката на соединување меѓу нив се создава заради тоа што Исраел ги изнесуваат златните и сребрените садови на египјаните, постепено ги поправаат во текот на четириесетте години во пустината, а потоа ги креваат дури до нивото на земјата Израел и градат од нив Храм. Таму се наоѓа точката на соединување на Бина и Малхут во која златните и сребрените садови позајмени од египјаните се креваат до давање на Создателот. И после почнува разбивањето бидејќи тие садови не се доволни за конечна поправка. Тие се желби кои припаѓаат на Г“Е а за поправка се потребни желбите АХА“П и затоа Исраел оди во прогонство.

После прогонството, во денешно време ние ја почнуваме поправката. Првин ги поправаме желбите Г“Е, но тие во себе ги апсорбирале сите желби од најголемите длабочини на АХА“П – тоа се сите наши пријатели низ светот. И не е важно од каде се или од која националност се бидејќи сега сите почнуваат да се присоединуваат кон Г“Е. Потоа внатре во нас ќе се открие и АХА“П кој припаѓа на Г“Е а потоа вистинскиот АХА“П. Но поправката се одвива на друг начин а не како некогаш при излегувањето од Вавилон и од Египет. Тогаш Г“Е се поправале одделно а потоа се соединиле со АХА“П, излегле од контролата на заедничкиот АХА“П и ги поправиле „АХА“П во подем“. Но сега народот на Израел поправајќи се како Г“Е веќе ги вклучува во себе желбите АХА“П. И затоа овие Г“Е се доволни за да го поправат целиот заеднички вистински АХА“П. Веднаш откако народот на Израел ќе биде поправен, преку нивните АХА“П веќе ќе се случи вклучување, поправка и наполнување на желбите за примање на целиот свет, заедничкио АХА“П.

Од лекцијата по статијата „Заемна гаранција“ , 24.06.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica