Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тој кој се поправува себеси - го поправува светот

26.09.2010 -

Од статијата на Баал ХаСулам "Шестотини илјади души" :Секоја душа, исправувајки се, ја привлекува целата светлина на заедничката душа, и со тоа предизвикува исправување на душите на целото поколение. И така зависат сите души една од друга.

Тоа се случува како последица на целата взаемна поврзаност на сите души. Затоа ниту една душа не може да се крене, без да ги повлече по себе сите души. Нејзиниот подем зависи од нив. Тоа е интегрален систем, каде што се е взаемно поврзано. Секоја душа, поправувајќи се, ја поправува својата врска со другите души, и затоа исто така и нив ги приближува кон поправувањето. Да се поправиш себеси – тоа значи, да ја поправиш својата врска со останатите.

Од тоа нивната состојба останува иста, јас само ги подготвувам кон поправувањата, кои тие потоа ќе ги направат. Бидејки јас стојам пред нив, како поколение кое им претходи. Јас воспоставувам врска со нив, без нивно знаење и разбирање на тоа, што јас го правам. Јас го користам целокупниот систем на душите, за да ги поправам во него врските, колку што е тоа можно.

Но душите, кои сеуште не се подготвени за тоа, не можат да ги разберат и почувстуваат моите дејства. Тие самите сеуште не стигнале до таквите поправувања, но јас ги користам нив во поправувањето, и тоа се нарекува подготовка на синовите од страна на татковците.

Исто, како што во нашиот свет ние го усовршуваме светот за идното поколение. Но нашите деца доаѓаат и се служат со сето однапред подготвено. Ние ја поправуваме врската помеѓу нас, го поправуваме нашиот слој до бришењето на разликите помеѓу душите, и од наша страна цело човештво е поправено. Но тие самите тоа не го чувствуваат. Кога, пак, ќе дојде нивното време да се поправуваат, тие ќе добијат сè готово за тоа. Зошто тоа им следува?

Јас исто така некогаш добив помош од претходните поколенија, од претходните души. Секое следно поколение се раѓа со уште поголем егоизам, и затоа без таква подготовка не може да ја изврши својата работа. Сите ја вршат релативно истата работа: кој треба да исправи поголем егоизам, добива поголема помош.

Од утринската лекција  од статијата “600 илјади души“ /26/09/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica