Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Три услови за откривање на Светлината

alt- 12.05.2012-Прашање: Под кој услов можеме да ја бараме, црпиме и откриваме силата на Опркужувачката Светлина, Светлината што поправа, која ќе нè поврзе во заедничка гаранција за да можеме да го откриеме Создателот, духовниот свет? Како можеме да ја бараме оваа сила за да нè поправи? Што ни е потребно за тоа?

Одговор: Мора да се исполнат три услови:

1) големина на целта,
2) очај заради сопствените моќи,
3) поврзување со сите пријатели.

Тогаш, сите заедно ќе го постигнеме чувството наречено „молитва на мнозината“, откако сме направиле сé што можеме за да се поврземе. Светлината доаѓа и нè преуредува. Што значи да се преуреди? Значи вистинска молба. Вистинската молба ни ја носи Опкружувачката Светлина. Затоа, според мудроста на кабалата, постои разјаснувачката Светлина, наречена Светлина на АБ-САГ, и постои Светлината која поправа. И тука исто така сé се одвива во две фази. Прво, мораме да направиме сé што можеме. Одржуваме собири, работиме во група, се обидуваме да се поврземе, со тоа повикувајќи ја Светлината која разјаснува што всушност сме. Ни дозволува да ја почувствуваме големината на целта. Во исто време, ни покажува колку ниско се наоѓаме, во состојба каде што не превземаме ни еден чекор напред.

Меѓутоа, овие две точки, големината на целта и очајот од нашите сопствени моќи, создаваат два столба меѓу кои има десет Сфирот. Тогаш, потенцијалот меѓу нив ја активира Светлината која поправа. Оваа состојба се нарекува „молитва“ бидејќи во молитвата има две точки, големината на целта и дознавањето на нашата нискост. Овој внатрешен плач ни ја носи Светлината која поправа, која ги поврзува овие две точки преку Десетте Сфирот и ни го дава целиот сад.

Од собирот во Њу Џерси 12/05/12, Работилница 3

Екранот е многу едноставен..

Прашање: Може ли една личност да стекне анти – егоистичен екран ако тој може да се стекне само преку групата? Или само Создателот може да ни даде екран?

Одговор: Светлината доаѓа преку групата како одговор на мојата молба и гради екран во мене, кој ми помага да се кренам над моето его и да се поврзам со групата. Екранот е поврзувачка алка меѓу мене и групата, или меѓу мене и Создателот, што е едно исто. Ми помага да се кренам над егоизмот и, кога еднаш ќе се издигнам над себеси за да се поврзам со Светлината, со Создателот, со суштината на групата која се открива во центарот на групата. Не ни треба ништо друго освен екранот. Тука е мојата желба и тука е групата во која ги пронаоѓаме Светлината и Создателот, и екранот ми помага да се поврзам со нив. Така влегувам во духовниот свет: во центарот на групата.

Од четвртиот семинар на собирот во Њу Џерси, 13/05/12


 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica