Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Три фази

04.02.2011 -
Во нашиот свет сите суштества можат да се поделат на три вида.
1. Едните сé уште се апатични, не разбираат, не чувствуваат, не размислуваат за тоа дали добиваат нешто одозгора.

2. Другите, за разлика од животинското ниво веруваат дека сé добиваат од Создателот. Меѓутоа тие не знаат што со тоа треба да направат. Тие сé уште не пораснале за да откријат дека добиваат почетно зло кое треба да се претвори во добро. Почувствувајќи го злото човекот верува дека го добил одозгора и плаче, повикува, моли, Создателот да му прати добро. Така постапуваат религиозните луѓе кои сметаат дека Создателот им праќа страдања или за да им напомни да не го забораваат, или за да им даде преку нив награда во овој свет или во идниот. Како и да е човекот претпоставува дека неговото обраќање ќе го промени Создателот и тој ќе го замени гневот со милост.

3. Третите се развиени уште повеќе и сфаќаат дека Создателот не се менува. Тој секогаш е добар, секогаш полн со љубов, секогаш совршен. Затоа тоа што Тој му го праќа тоа, е наменето за промена на самиот човек. Поминувајќи по низата на состојби човекот открива дека пред совршениот, непроменлив, вечен Создател тој се појавува како променлив и спротивен. Тој го дефинира тоа како зло и доаѓа до молба, согласно со која неговата состојба се претвора во добра.

Како резултат човекот гледа дека Создателот е вечна и константна Виша Светлина, Бесконечност; а се менува само тој самиот. Во човекот се откриваат решимот, почнувајќи од разбиеното решимо кое тој почнува да го разбира, вложувајќи напори во групата и учењето. Тој го разјаснува тоа решимо, се моли за него – т.е. донесува за него проценка и бара поправка, посакува поправка. Така човекот се здобива со нова желба правилно учествувајќи во животот на групата.

Тогаш непроменливата Светлина го претвора тоа расипано разбиено решимо во поправено. Се случува ударен зивуг на поправеното решимо со Светлината и се гради парцуф на душата. Значи на овие три вида ние генерално ги делиме луѓето:

- тие кои сé уште немаат однос со Поправката;

- религиозни, кои се молат Создателот да се промени;

- кабалисти кои сфаќаат дека самите тие треба да се променат.

Соодветно на тоа духовната работа се спроведува само меѓу кабалистите, молитвите без одговор – се судбина на религиозните, додека животот без секаква врска со Создателот е карактеристична на сите други.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 04.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica