Одговор: Дури и Рабаш (Раби Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг, најстариот син на Баал ХаСулам, негов следбеник и наследник) има коментирано за ова. Берг ги комбинирал кабалистичките термини хасидут и мистицизмот. Создал мешавина која го смирува човекот, но не го менува, а кабалата е наменета да го исправи човечкиот егоизам.
Сите совети и напатствија од берговата школа не се ништо повеќе од психолошка утеха за олеснување на животот, давање надеж, но не и пат до поправање, до откривање на Создателот. Дури и неговата дефиниција за кабалата е прилично различна од онаа на „неговиот“ учител Баал ХаСулам. Но, погодно е да им се продава ова на масите, како и атрибутите кои тој ги продава, тврдејќи дека имаат повисока моќ а не психолошко влијание.
Неговиот став кон она што се случува е следниот: На човек треба да му биде удобно во овој свет, да го отстрани лошото, кое како што знаеме, доаѓа од Создателот за самите да го поправиме во нас.
Односно, наместо да се поправа самиот себеси и да го открие Создателот преку себе, на човек му се советува да ги отстрани пречките кои се пратени од Создателот со цел да го приближи до Него. Човекот е охрабрен да живее мирно; како секое шарлатанство и религија. Но во тоа во никој случај не е со кабалата: науката на поправање на егоизмот во љубов кон другиот како кон себеси, со цел да се стане сличен на Создателот.
Од статиите на Баал ХаСулам: „Суштината на мудроста на кабалата“, „Суштината на религијата и нејзината намена“ на Каб.Тв