Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Филтер на патот кон Создателот

Прашање: Каква молба стигнува до Создателот?

Одговор:  Пред сé, неопходно е да се сфати, дека ако молбата не произлегува од заедничката молитва, тогаш таа не се прима. Луѓето викаат кон Создателот од длабочината на срцето, од состојби на катастрофи и смрт – ништо не помага. Зошто? – Затоа што нивната молба не поминува преку филтерот, според кој се прима само молитва која произлегува од заедничкиот систем, од поврзаноста меѓу нас – не е важно дали е добра или лоша, но во врска со таа поврзаност.

Молитвата мора да биде заедничка, затоа што личната молитва не се прифаќа.

Прашање: Како можам да ја поврзам својата желба со желбата на некој друг, кога сосема не ја чувствувам?

Одговор: Обиди се да почувствуваш или во најмала мера плачи затоа што не ја чувствуваш. Бидејќи сфаќаш дека твојата лична желба нема никакво влијание. Ако доаѓаат двајца.. Одлично! Што сакате? Да воспоставите врска меѓу вас? Да се поврзете? Се карате? Ги разјаснувате вашите односи? Тоа е добро! Зошто од дадениот момент па панатаму доаѓа времето на поправка на светот? Затоа што луѓето почнуваат да чувствуваат дека врската меѓу нив не е во ред. Зарем претходно таа била во ред? Претходно таа едноставно не постоела. Денес ние чувствуваме дека е расипана и треба да се поправи. Затоа од нашето време па понатаму почнува поправката. Ако пак не ја земаме предвид врската меѓу нас – не е важно во каков облик - тогаш нема што да се прави, нема со што да се приближиме кон Создателот. Самиот не можам ништо да сторам - во мене не е можно да се поправа. Да се поправи можно е само врската меѓу мене и другите.

Прашање: Еднаш објаснувавте за системот кој ја преобразува невистинската молба во вистинска. Се мислеше на лична молба или заедничка?

Одговор: Не постои лична молба! Ако повикувам сам, тоа не значи дека мојата молба е лична. Важно е за што повикувам – тоа одредува дали мојата молитва ќе биде заедничка или не. Можеби јас ќе се молам сам, но ќе молам за општеството, тогаш тоа се нарекува заедничка молитва.

Масите мислат, дека ако се соберат десет луѓе (хебр. мињан), тогаш тоа претставува молитва. Не. Може да има само еден човек, но ако тој моли за поврзаност, за поправка на системот, - тогаш тоа се нарекува заедничка молитва. Затоа, кога почнуваме да учиме, многу е важно да се подготвиме со правилна молба. Во спротивен случај учењето оддалечува и наместо еликсир на животот станува смртоносен отров. Ние сме сведоци дека луѓето се оддалечуваат, напуштаат, паѓаат. Од што тоа доаѓа? Од истата Светлина, која делува во неправилен облик, ни носи мрак, односно по подолг пат те води кон целта.

Од лекцијата од Книгата Зохар, 27.07.2012 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica