Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Фокусирање на светот на вистината

altПрашање: Како треба да се користи работилницата за да се гледа светот низ призмата на групата?

Одговор: Тоа ќе се случи кога ќе ја создадете точката на поврзување. Ова значи дека силата што се создава меѓу нас ќе достигне таков интензитет што нема да ни дозволи да се исклучиме од неа. Постојано ќе сакам да сум во неа. Ќе разберам дека само од таму можам да судам сé во светлината на вистината и нема да згрешам. Само тоа што го гледам низ заедничкиот фокус на групата, централната точка на кругот, го сочинува вистинскиот свет.

На овој начин можам да судам и никогаш да не згрешам во мојата пресуда. Сето ова ќе му биде откриено на човека. Затоа, тој нема да сака да го напушти ова поврзување, туку постојано ќе се стреми кон зајакнување на истата точка на единство. Вака почнуваме да ги искачуваме нивоата. До степенот до кој ќе бидеме здружени заедно и ќе ја зајакнеме нашата врска, и квантитативно и квалитативно, ќе се издигнуваме повисоко и повисоко на духовната скала додека не го откриеме Создателот и врската меѓу нас во облик на Парцуфим и Сефирот. Тогаш почнуваме да гледаме како сé што е опишано во изворите се случува меѓу нас.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/20/12 „Разговор за минатите собири“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica