Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Целта на суштеството е да дојде до љубов

Целта на суштеството е да дојде до љубов. Не се мисли на љубов во смисла која е вообичаена за овој свет, како физичка привлечност која воопшто нема врска со љубов туку служи само за добивање на лично задоволство. Вистинската љубов е соединување при кое ние ги чувствуваме потребите на ближниот и се пробудуваме за да ги наполниме неговите желби. Желбата се развива за време на подемот. Таа е веќе однапред подготвена за нас на секое од нивоата, но за да ја достигнеме потребно е да се искачиме одоздола нагоре од разбиеноста. Односно ние секогаш одиме против нашиот егоизам спротиставувајќи се на разбивањето. Затоа треба да ја зголемиме подготвената одозгора за нас желба 620 пати. И тогаш ќе откриеме 620 пати посилна поврзаност од онаа која постоела меѓу нас претходно. Капка семе, точка на желбата која се прилепила внатре во Светлината на Бесконечноста пораснува сега 620 пати повеќе бидејќи мора секој пат да вложува напори против своето разбивање. Така таа ги поминува фазите на зародиш, доење, созревање и се изедначува со Вишата Светлина.

Баал ХаСулам пишува во своето писмо (№11): Меѓутоа љубовта треба да се чувствува – бидејќи тоа е резултат на целата наша работа, спојување, а таа се чувствува само во местото на недостаток. За тоа е речено: „Секој кој страда со општеството ќе се удостои да доживее утеха од општеството“.

Подготовката кон спојувањето со Создателот се случува при работа со општеството каде што е концентрирана потребноста за Него. Таму јас можам да го формирам својот стремеж кон љубовта. Во мера во која јас ќе можам да се отворам себеси за љубов кон ближниот јас се подготвувам себеси за спојување со Создателот. „На човекот му се мери во онаа мера во која тој мери самиот“. Пробудувањето одозгора не може да биде поголемо од она што е подготвено во пробудувањето долу. Бидејќи сѐ се мери со мерата на желбата, а Вишата Светлина нема мера. Веќе многу пати си слушнал дека целата благодат од пробудувањето долу се манифестира само тогаш кога ние ќе научиме да чувствуваме недостаток. Јас не можам да добијам готова желба туку мора самиот да ја формирам постепено во секакви истражувања, внатрешни подеми и падови во однос на опкружувањето. Не е важна самата желба туку учењето на уметноста за нејзино достигнување. На таков начин јас ги изучувам патиштата на Создателот. Но оваа желба не ја градиме ние самите туку ја откриваме со нашите напори таква каква што таа ни била подготвена од Создателот. И во тоа е суштината на реченото: „Молитвата направи половина“. Бидејќи сѐ додека човекот не го чувствува недостатокот на таа половина, дека тоа е дел од целината (од Создателот), дека не го чувствува тој дел во потребна мера, дотогаш е сосема неспособен за целосно спојување.

Постои желба и постои нејзин производ, односно потреба да се стекне желба, небаре молитва која ѝ претходи на молитвата. Ние чувствуваме некоја мала желба за духовно, но не вистинската. И тоа нѐ исцрпува и нѐ мачи. Ние не знаеме што да правиме со тоа. Бидејќи тоа нема да се смета како неопходно за него и нема човекот да се придржува и да извршува ништо од што нема потреба. Затоа всушност самото чувство на недостаток веќе претставува награда. И ни рекле мудреците дека има чудотворна особина која може да го предизвика тоа чувство со силата на молитвата, кога човекот постојано се моли и посакува константно спојување со Создателот. Затоа што молитвата може да направи половина, т.е. човекот осознава дека таа е половината. А кога ќе се намножат искрите и со нив ќе се исполнат неговите членови, тој несомнено ќе се удостои на целосно избавување и тој дел ќе се спои со целото засекогаш.

Од подготовката кон лекцијата, 03.07.2014

Благодарни гости

Познато е дека ние немаме друга работа освен достигнување на соединување. Но ние не го создаваме сами, што претставува општо прифатена и горчлива заблуда која го искривува нашиот пат и го продолжува прогонството. Потребно ни е само да посакаме да се соединиме и да го поставиме тоа соединување во зависност од надворешната, аутсајдерска Виша Сила. Ние не ја правиме сами нашата поправка, туку само ја откриваме потребата за неа. Неопходноста од сплотување произлегува од нашиот стремеж да се избегнат страдања и од желбата да го насладиме со тоа изворот на Светлина кој управува со нас. Тоа е доста долг пат – цела скала на духовни нивоа по кои ние мора да се искачиме во своето разбирање, осознавање, поврзаноста со изворот на Светлината.

Затоа пред сѐ треба да престанеме да мислиме дека ние самите го создаваме нашето соединување. Повикот: „Ајде да се сплотиме!“ значи: „Ајде да се поврземе со изворот на Вишата сила на давање која ќе нѐ соедини“. Сѐ што ни е потребно е да кренеме МА"Н. МА"Н од една страна е молба, молитва, откривање на желбата, а од друга страна е храна (мана) со која се хранат во текот на четириесетгодишното патување по пустината. Од нас не се бара ништо освен кревањето на МА"Н, признавање на нашата целосна зависност од Вишата Сила. Ние сме обврзани да пробудиме правилна желба во нашите срца, да се потрудиме да ги соединиме во едно срце, кое посакува да стане целосно и да се обратиме на Домаќинот со молба да нѐ соедини за да Му причиниме Нему задоволство, како благодарни гости.

Од подготовката кон лекцијата, 03.07.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica