Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Центриран нишан

08.04.2011 -
Прашање: Кажано е дека треба да го сакаш ближниот како самиот себеси. Според ова, дали треба да се сакаат сите луѓе во обичниот живот и да се однесува кон нив така, како што сакам да се однесуваат и тие кон мене?

Одговор:„Сакај го ближниот како самиот себе" - ова е општиот закон кон созданијата, од страна на Создателот, кон кој треба да се придржуваме. Од целото срце и со сите желби треба да ја достигнеме љубовта. Невозможно е да се престане да се љуби.

Ако некого љубиш, љуби бидејќи така сакаш, а ако не сакаш - ништо ни си направил. Можно е љубовта да расте, да се развива, но тоа е прашање на чувствата. Затоа не говориме дека си обврзан да го засакаш одеднаш целото човештво како самиот себе. Тоа е невозможно. Ако велиш дека ги сакаш сите, тоа значи дека не сакаш никого.

Но човекот, кој доволно созреал за време на поминатите животни циклуси, за да почне духовно да се крева, го доведуваат во група. И внатре во таа група му се дава можност да го реализира условот за љубов кон ближниот, како кон самиот себе.

Во целиот свет тоа е невозможно, но во мала група е можно да се достигне таков однос - да се однесуваш кон другарите така, како што мислиш дека се однесуваш кон Создателот. И провери, не се лажеш.

Но, ако пред тебе е Создателот и ти Го сакаш Него повеќе од другарите, значи дека си на погрешен пат. Израел (човек, направен точно како Создателот), Светлината која се враќа кон изворот и Создателот треба да бидат на иста линија за да нема никакво промашување. Јас не можам да Го ставам Создателот пред мене од една страна, а сé друго - на друга страна и силно да се стремам кон Него, а кон другарите помалку. Треба да се разбере дека Создателот и групата, е едно исто.

Како кога нишаниш од пушка и твоето око, нишанот и целта треба да бидат во една линија. Но ти не ја гледаш целта, бидејќи Создателот не се гледа. Кога се стремиш кон групата, на крај дознаваш дека Тој е таму. Ќе се сретнете во групата затоа што ти доаѓаш со својот сад (желба, кли), а тој доаѓа со Светлина.

Од лекцијата според статија на Рабаш - 08.04.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica