Прашање: Ако го достигнеме трепетот пред Создателот дали автоматски ќе се појави љубовта?
Одговор: На љубовта е потребно цело време да се работи. Нивоата на нашето приближување кон целта на создавањето се нарекуваат „четири фази на љубовта“. Речено е: „Сакај го ближниот како себеси“. Не се вели дека треба првин да се плашиш од ближниот и тогаш ќе го засакаш. „Сакај го ближниот!“ Односно ние секогаш одиме во пресрет на единството, а стравот нè води кон соединување. Ние секогаш тежнееме кон соединување и љубов и затоа се наоѓаме во процес на постигнување на нејзините четири фази. Ако не зборуваме за световниот страв - Создателот да ни даде здравје, пари, успех, среќен живот во овој и идниот свет, туку за правилен однос кон Создателот, кон Вишиот систем од кој добиваме реакции и стапуваме во заемна, заедничка работа заедно со Создателот, тогаш станува збор само за стекнување на силата на давање и љубов, а стравот цело време води кон тоа. Тоа е стравот дека нема да ја достигнам љубовта. Ако пак веќе сум достигнал некоја љубов тогаш се плашам да ја изгубам, да не напредувам, да не достигнам поголемо давање. Треба секогаш да се стремиме кон љубов од страната на милосрдието а не од страната на судот.
Од подготовката кон лекцијата, 14.03.2014
Целта на човекот е да му служи на Создателот
Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон книгата Паним Меирот“, п.6: Вие не бевте создадени за да се вратите после завршувањето на работата во полињата кон истите јасли заедно со своите магариња. И како што не е цел на магарето да им служи на сите магариња во светот од неговата генерација, така не е цел на човекот да им служи на телата на сите суштества, современици на неговото животинско тело. Целта на магарето е да му служи на човекот, кој е повисоко од него за да му носи корист. А целта на човекот е да му служи на Создателот и да ја доврши Неговата замисла.
Прашање: Како човекот може да биде сигурен дека му служи на Создателот?
Одговор: Да му служиш на Создателот значи да ја остваруваш Неговата замисла на создавањето да ги наслади суштествата. Ти немаш да му дадеш на Создателот ништо, освен откривањето на фактот дека Тој те сака, што е можно само ако постои сличност на особините. Токму тоа се нарекува служење. Родителите не очекуваат од децата ништо освен благодарност за родителската љубов.
Кабалистите нè учат како тоа да го направиме. Ако јас не чувствувам ништо освен овој свет, тогаш не знам ништо за Создателот. Кабалистите ми даваат совети што треба да направам за да ја достигнам целта. Постојат учители кои ме учат. Ние се убедуваме од примерот со животните, дека ако мајката не се грижи за децата тогаш тие нема да преживеат. Таа мора да ги нахрани, да ги воспита, да ги научи да си обезбедат храна, и тогаш тие ќе можат да егзистираат. Истото се однесува и на духовниот свет – човекот сам ништо не знае. Тој мора да биде целосно лојален на учителот, како мало кутре кое цело време ја следи мајката, бидејќи без неа ќе умре. Меѓутоа човекот мисли дека е најумен и самиот знае сè.
Од лекцијата по „Предговорот кон книгата „Паним меирот““, 13.03.2014