Идолопоклонство е да се мисли, дека може Создателот да се промени. Речено е: "Јас своето пројавување не Сум го менувал". Создателот изградил непроменлив систем на закони, "Вишата Светлина се наоѓа во апсолутно мирување".
Желбата исто така е создадена таква – само што таа се развива со Светлината – и се повеќе се открива себеси, споредувајќи се со Светлината. Светлината, дејствувајќи на желбата, влегува во неа и поминува низ сите нејзини слоеви: 0-1-2-3. И кога го достигнува 4-то ниво (бина далет) – само тогаш кај нас се појавува слободниот избор, кој се состои само во тоа, да се промени нашиот однос.
Меѓутоа, менувајќи го нашиот однос, ние го менуваме нашето чувствување. Ако ти посакуваш да Го разбереш, и да станеш ист како Него, тогаш ќе го почувствуваш доброто.
Баал ХаСулам пишува во "Предговорот кон ТЕС", дека нашиот проблем е само во тоа, дека ние не го разбираме вишото управување.
Ние се залагаме против Природа / Создателот - и на кого можеме да се жалиме? Во целата наша претходна историја, ние се развивавме по скалилата 0-1-2-3, како и сето неживо, растително и животинско, принудени да се развиваме несвесно под притисокот на страдањата или привлечноста на насладувањата.
Но кога го достигнуваме 4-то ниво – треба да се запознаеме со овој процес и од него да го дознаеме Него, кој ги извршува сите дејства. Односно треба да се запознаеме со Неговата работа, да разбереме, што Тој прави, да се претвориме во даватели – исти како што е Тој.
Тогаш "според Неговите дејства Го дознаваме Него", препознавајќи Го, почнуваме да Го оправдуваме, и стануваме исти како што е Тој, т.е. се искачуваме до неговото ниво.
И сето тоа поради намерата. Тоа не е едноставно однос – благодарение на него ние го препознаваме Создателот и ги чувствуваме во себе Неговите дејства во вистински облик.
Кога јас се кревам над својот егоизам, правам скратување, екран и Одразена Светлина – јас станувам сличен на Светлината! Односно почнувам да го разбирам Неговиот вистински однос кон мене.
Во Светлината навлезена во мене јас ги чувствувам "вкусовите" (таамим) – односот на Создателот спрема мене: што бара Тој од мене, каков е Неговиот однос кон мене. Јас го препознавам Изворот, од кој до мене доаѓа сè, и благодарение на тоа се залепувам до него. Почнувам да живеам не со своите желби – туку со Неговите.
Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" /07/12/2010