Неодамна го одбележавме денот во спомен на Баал ХаСулам, нашиот голем учител, кој фрлил Светлина одозгора врз целото човештво денес. Тој ја открил науката кабала на нашата генерација, за ние да можеме да ја користиме, и со нејзина помош да се искачиме од животинското скалило на човечкото, да знаеме како да ги извршиме сите дејства, и да достигнеме отворање на нашите очи. Само така ќе можеме да видиме каде всушност сме, без тоа да го знаеме. Баал ХаСулам бил толку голем човек, што ние дури не можеме соодветно да го оцениме и да му се заблагодариме за она, што тој го направил. Му го должиме нашиот духовен живот исто толку, колку што им го должиме на таткото и мајката животот на нашето животинско тело. Само што тоа не е материјален живот, туку духовен, во кој ние достигнуваме вечност и совршеност, вишите светови, состојбата која сега е невозможно дури ни да се замисли. Баал ХаСулам многу тешко работел за таа цел. Тој толку долго пишувал, работејќи без прекин по десетици часови, што му онемувале рацете и морале насила да му ги разлабавуваат прстите, за од нив да го извадат пенкалото. Тој си давал одмор 2,5-3 часа ноќен сон и половина час-час преку ден, за да ја задржи концентрацијата, а сето останато време работел. Така било во текот на целиот негов живот.
За време на војната тој бил подготвен да ги жртвува сите свои постигнувања, и го молел Создателот да го спушти од духовното скалило, само за да може некако да им помогне на несреќните луѓе, кои страдале во овој свет, и дури не знаеле заради што. Создателот ја слушнал неговата молба и му помогнал тоа да го направи. Дури и Мојсеј не го добил тоа од Создателот, кога го молел Него да го направи одговорен за својот народ, и да ја тргне од нив казната. Баал ХаСулам се наоѓал на толку високо скалило, што Создателот му велел: „Јас немам никој поблизок од целото човештво”. Тоа бил вистински гигант. Да се надеваме дека ќе можеме да ја оцениме според заслугите неговата висина, неговата важност. Бидејќи од една страна тој бил поврзан со Создателот, а од друга страна можел да се спушти до секој човек, за да почувствува во каква форма треба да ги донесе до него разјаснувањата. Тој можел да пишува толку деликатно, за да не ги навреди ниту религиозните, ниту светските луѓе, и да ги зближи колку што е можно. Целото негово наследство е предадено во наши раце. Ние ги добивме сите овие инструменти преку Рабаш, кој ја прилагодил оваа методика за нејзина реализација во групата. Во текот на годините на учење и работа, ние почнавме да сфаќаме што е напишано во тие дела, да ги реализираме, да ги приближуваме до сите други групи, и според тоа сè повеќе го цениме огромниот придонес, кој го направил Баал ХаСулам со својата работа. Тој бил првиот од кабалистите, кој ја отворил фазата на ослободување.
Од разговорот за време на трпезата посветена на сеќавањето на Баал ХаСулам 15.09.2013
Работа без какви било компромиси
Од писмото на Рабаш №29: Мојот татко и учител ни вети, дека следејќи го неговиот пат и исполнувајќи ги неговите завети, ќе го заслужиме вечното спојување со Создателот, и ќе влеземе во Царскиот дворец.
Потребно е внимателно да ги разјасниме сите услови и правила, определени за нас од Баал ХаСулам, и да ги извршиме со сета точност. Бидејќи ако отстапиме барем малку, тогаш ќе поминеме покрај целта и нема ниту да забележиме, дека поминавме покрај неа и не сме ја забележале. Затоа во нашата работа неопходно е педантно да се извршува секој услов. Во тоа треба да сме непопустливи како карпа, така, што никој да не може да нè урне. Не може да има какви било компромиси, попусти и трикови за да се направи оваа работа полесна, помека, наводно поуспешна. Нема друг успех освен оној – да се придржуваме на условите определени од Баал ХаСулам. Само во тоа треба да се гледа нашиот успех, и во ништо надвор од тоа. Затоа, кога понекогаш слушам секакви претензии, ги воспримам како поткупливост и обид да нè изобличи. И тука ние мора да останеме на своето, без какви било компромиси.
Од статијата на Баал Ха Сулам “ Науката кабала и нејзината суштина”: Среќен сум дека се родив во таква генерација, во која е веќе дозволено да се објави науката Кабала. И ако ме прашате: од каде знам, дека е дозволено – ќе ви одговорам, дека мене ми е дадена дозвола да откријам. А сè до денес не биле откриени на ниту еден мудрец патиштата, со чија помош може да се занимаваме отворено со целиот народ, и да го објасниме карактерот на секој збор.
Односно ние можеме да ја откриваме целата наука кабала, но само во согласност со публиката, за да не ја збуниме. Меѓутоа веќе нема никакви тајни. И тоа не зависи од гениалноста на самиот мудрец, туку од состојбата во која се наоѓа генерацијата, бидејќи целата моја заслуга во откривањето на оваа мудрост е определена од мојата генерација. Ние припаѓаме на посебна генерација, која веќе не само согласно со инструкциите на Баал ХаСулам, туку и според сите надворешни знаци, е предодредена за откривање и реализација на науката кабала. Затоа на секој човек, кој упорно оди по директниот пат кон целта, не согласувајќи се на какви било компромиси и сметајќи ја единствено важна во животот – гарантиран му е успех. Додека тој, кој сака да направи од кабалата бизнис, или на кој било начин да ја искористи за својот егоизам, осуден е на неуспех. Во нашата генерација тоа е веќе невозможно. Дојдено е време, кога сме обврзани да ја реализираме оваа методика не во форма на некоја мистика, религија, традиција. Сите верувања се рушат, и само оваа методика ќе расцвета и ќе му овозможи на човекот да порасне меѓу остатоците од сите верувања, религии, секакви методики.
Од разговорот за време на трпезата, посветена на сеќавањата на Баал ХаСулам, 15.09.2013