Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што гледате на оваа фотографија?

Баал ХаСулам „Науката кабала и нејзината суштина“: Реалноста на овој свет пред сите се прикажува еднакво, но ние различно ја сфаќаме: некои се развиваат од генерација во генерација, а другите назадуваат.

Сите во овој свет ги гледаат истите работи, истите појави. Но сепак е важно кој ги гледа: да речеме дете или зрел возрасен човек, или старец. Разликата тука е во способноста да сфаќа. Бидејќи постојат сетилни органи, и постои разум, кој стои зад нив, и го анализира нивното воспримање – во зависност од нивото на постигнувањето. Се испоставува, дека ние со вас се наоѓаме во посебни, зачудувачки услови. Нема поголемо чудо од овој свет: Создателот создал нешто, во што ние можеме да живееме, и да го започнеме духовниот пат од недуховна состојба. Пред нас е реалноста, набљудувана од сите, но постигнувана од секого согласно неговото надворешно сфаќање. Да речеме, јас го фотографирав пријателот за време на изградбата на нашиот нов центар. За мене фотографијата претставувала само човек што работи, и само потоа се испостави, дека тој работел доброволно, во братство и заемна гаранција со сите. Меѓутоа, фотографијата сама од себе останува иста. Таква е специфичноста на овој свет: тука сè зависи од тоа, како човекот ги толкува „сцените“, кои се појавуваат пред сите...

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 10.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica