Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е среќата?

Прашање: Ние сме родени да бидеме среќни, се стремиме кон тоа. Но системот во кој што живееме е егоистичен. „Американскиот сон” беше премногу фаворизиран во нашето општество. Суштински, тој не може да се постигне, бидејќи со цел да го постигнеме, ние мора да заработиме пари. Со цел да заработиме пари, мора да работиме, но во самиот корен на нештата - работата е ропство. Со други зборови, ние се претвараме во робови за да станеме „среќни.“ На крајот, ние не сме среќни. Може ли човештвото да го отстрани тоа уредување и да биде среќно без него? Како ќе ја опишете состојбата на среќата?

Одговор: Јас мислам дека среќата е возможна единствено тогаш кога ќе постигнеме рамнотежа. Кога луѓето ќе изградат правилна заедничка поврзаност едни со други, кога тие ќе почувствуваат дека се во добра социјална околина, сите проблеми ќе исчезнат. Откако нашето општество ќе ја утврди и ќе ја промовира хомеостазата, луѓето ќе почувствуваат дека самите тие се како проток, во состојба на внатрешен и надворешен мир. Овој услов ќе потикне благословена состојба кај нив. Со други зборови, чувството на среќа не се појавува заради тоа што ние се исполнуваме егоистички, без да размислиме што следи, бидејќи покрај секого од нас постојат многу други егоисти кои што сакаат да бидат среќни на товар на останатите. Чувството на среќа се појавува како резултат на единство. Тоа се појавува од чувството на рамнотежата, слично на здрав организам кој што е жив кога функциите на органите се во рамнотежа. На истиот начин, човечките општества мора да ги следат примерите на природата и да се стремат кон истата состојба. Потоа, ние ќе разбереме што е целта на нашиот живот. Чувството што го имаме додека сме во оваа состојба е среќата.

Од ТВ програмата „Мадицината на иднината,” 05.05.2013г, на Каб.Тв

Постигни успех за заедничкото добро, а не на сметка на останатите

Поединецот може да ја достигне општата љубов кон сето човештво, сето од природата, и сето од реалноста, преку љубовта кон пријателите. Потоа, тој согледува дека нашиот свет презема облик во кој постојат само особини, каде што нема материја, туку само сила. Оваа сила е единствената работа што управува во светот со нејзините различни варијации. Не постои одвоено телесен и духовен свет, туку само еден свет. Ако некој правилно гледа на себе и на сиот свет, тој разбира дека таму нема ништо што е созадено против него, дека сè е создадено единствено за добробит на поврзаноста помеѓу нас и воздигнувањето до заедничкото давање, поврзаноста. Па така, од љубовта кон пријателите ние ја достигнуваме љубовта на Создателот, која што е љубов на сета реалност - желбата да се принесе задоволство на Создателот. Да Му се дава на Создателот, означува да им се дава на сите. Терминот „заедно” се однесува за Создателот.

Потребно е да се служи на сите создадени суштества и на внатрешната сила која што ги создала и ги оживеала. Преку нив тој дава на Создателот, кој што постои во нив. Според тоа, ние гледаме дека мудроста кабала е многу практичен метод. Ние можеме да ја изучуваме како теорија долг период и при тоа воопште да не напредуваме. Главната работа е всушност спроведувањето, и тоа може да биде спроведено само во поврзаноста меѓу нас. Главната работа е општата сила кога секој еден сака да излезе од себе и да влезе во другиот, да  се „прелее“ себеси кон надвор, и да продре во нивните раце. На тој начин, тој ги отвора неговите перцепции кон светот и започнува да ја открива природата, независно од неговите пет физички сетила. Постојат посебни квалитети во поврзаноста меѓу пријателите: бидејќи нивните мисли и односи се пренесуваат едни од други благодарејќи им на нивното приљубување, секој е приклучен во силите на другиот, во неговите особини и во неговата перспектива. Благодарејќи и на општата вклученост, секој еден ја прима силата на целата група.

Секој поединец е мал, слаб и со ограничени моќи. Но сè е така уредено, за некој кој е вклучен во групата, која што нему не му е дадена случајно, тој се комплетира себеси низ неа. Ова е доволно, целосно да се почувствува сиот духовен свет. Никој од нас не може сам да ја почувствува духовноста, туку само преку поврзаноста може да се здобие со неа. Се разбира, некој има шанса да се здобие со поголема духовна желба во голема група. Тогаш е полесно е да се стори тоа, бидејќи е многу полесно да се поништиш себеси пред големото друштво, кога влијаат многу луѓе. Ние мора да правиме притисок постепено, и тоа може да се случи. Ние ќе бидеме во можност да се надминеме себеси и да ја достигнеме Вишата реалност само преку поврзувањето помеѓу нас. Јас навистина се надевам дека ние ќе го достигнеме тоа, и заедно ќе ја откриеме вистинската реалност во која што живееме. Тоа не е мистицизм туку наука, повисока филозофија. Со откривањето на Вишите Светови, ние ќе ги откриеме Вишите закони на природата, за кои модерната физика дури сега почнува да дознава. Модерната физика е на граница на материјата, каде што телесните закони исчезнуваат, и поради ова не можат да откријат што се наоѓа над времето, движењето и местото. Ние ќе го откриеме сето ова бидејќи нашите сетила ќе бидат спремни за тоа. Потоа, ќе откриеме како треба правилно да се однесуваме во нашиот свет и како да ја контролираме нашата верба. Тогаш ќе го имаме клучот на успехот, не на штета на останатите, туку за доброто на сите!

Од говорот за важноста на соединувањето, 05.05.2013, на Каб.Тв

Управители на заедницата

Прашање: Постојат луѓе со многу силна желба да контролираат, да ги управуваат другите. Како некој да соработува со нив во процесот на интегралното воспитание?

Одговор: Јас мислам дека ако тие добијат правилно разбирање за законите на природата, соодветно образование во права средина, тие не ќе бидат во можност да му наштетат на општеството. Ако тие се прекрасни организатори, ако тие ги собираат луѓето во зеднички групи, каде што се надополнуваат едни со други како дел од едно општество, тогаш сигурно дека такви луѓе се потребни. Навистина, колку луѓе можат да бидат управители? Тие се многу малку, да речеме најмногу 0.5%. Јас многу би сакал да се барем 5% кои би биле управители на нашата заедница, но вкупно се само 0.5%. Каде и да погледнете, секогаш се истите луѓе, бидејќи сите останати не можат да го прават тоа; малкумина можат да творат. Па така, неопходно е правилно да се образуваат овие луѓе. Ако ние успееме да оформиме заеднички колективен тим и постојано да работиме со нив, при тоа давајќи им го правите насоки и идеологија, после извесно време, тие конечно ќе станат управители на сиот поголем колектив.

Коментар: Во текот на процесот на интегралното образование, неопходно е да се биде што е можно поотворен, да се кренеме над нашето его, да се одвоме од него, и да се поврземе со останатите. Моделот на ваквото однесување е спротивен на духот на раководството. Лидерите не можат така да влезат во група; тие се на маргините.

Одговор: Ним тоа не им е потребно! Тие гледаат на групата од друго ниво. Тие организираат, загрижени се за неа, и се однесуваат кон групата како кон нивните деца. Тука има разлика помеѓу традиционалното образование, со кое се запознаети и интегралното обрзование. Ако се однесуваат со нивната група, општеството што го организираат, како што тоа го прават со нивните деца, тие мораат да бидат одвоени од нив и да гледаат на нив „од високо,“ со око на загриженост и организирање. Тогаш тоа е добро. Ова се целосно посебни и одвоени групи на луѓе, кои што се обучени како организатори.

Од говорот за интегралното образование 04.05.2013, на Каб.Тв

Да се учи човештвото за интегралноста

Прашање: Ние денес гледаме дека експертите од различни области не можат да се справат и да ги решат проблемите во економијата и на останатите полиња. Можно ли е да се заменат овие експерти со интегралното соединување на округлите маси?

Одговор: Да, можно е, ако овие заедници се со луѓе што разбираат што се случува. Има многу мал број на вакви луѓе во светот. Тие мора да бидат експерти во интегралното воспитување. Суштествено, ние треба да одиме надвор меѓу човештвото и да објаснуваме дека светот е интегрален и заеднички поврзан. Како ние се развивавме до сега и во кој стадим влегуваме; дека општата криза не е случајна и дека нејзиното решение може да биде единствено во тој облик и ниеден друг. Решението е едноставно и исто за секого. Не треба да бидеш голем експерт за тоа. Потребно е луѓето да се учат како да се поврзат во сличноста со природата, која што се открива себеси како интегрална. Ако има ефект на пеперутка, и ние навистина го гледаме сето тоа во сите наши движења, тогаш посакувано е да научиме за овој ефект и да го контролираме, бидејќи може да биде сериозна закана за целото човештво.

Од „Мудроста на толпата”,05.05.2013, на Kаб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica