Прашање: Што е тоа „екран“? Во центарот на Берг учат дека човекот треба да ја применува силата на отпорот кон своите побуди. Да речеме, ако некој сака да се скара, нека изброи до 10 и после му поминува бидејќи бесот = на егото. Таму велат дека тоа е најинтересната движечка сила која се нарекува „екран“ и дека тоа е нашата работа, дека ние работиме само со него, бидејќи ништо останато не е во нашите раце. Кога доаѓа желбата, ние не се исполнуваме себеси, туку работиме со екранот, ја покриваме својата желба како да не постои и работиме со системот кој се нарекува намера. Исто така, мислиме како може да ја искористиме таа желба, само овој пат со намера, со мисла да донесе добро на нашето опкружување.
Одговор: Сето тоа е психологија, како и сите религии, верувања, медитации, филмот „Тајна“, методот Карнеги и сè она што го измислиле луѓето – работата на човекот со себе, свесна, потсвесна, со себеубедување. Сето тоа е во границите на нашиот свет и ништо не излегува од рамките на нашата природа.
Кабалата вели: излезот од егоистичката природа е возможен (т. 155) ИСКЛУЧИВО со влијание врз нас однадвор (од другата, алтруистичката природа), кое се добива во група, при распространување на кабалата без никаква лична корист.
Покрај Вишата Светлина не постои друга сила за поправање. Затоа нашите напори не треба да бидат насочени кон самопоправање, како ние самите да сме во состојба да ја надминеме својата природа – да не примаме, да даваме. Тоа е лажење на самите себе. Ние треба да ги насочиме своите напори кон откривање на својата природа дека е како големо зло за да посакаме да излеземе од својата животинска кожа. Потоа, ако со истата таа намера и со исти такви пријатели ги учиме исконските извори, а не да веруваме во црвени кончиња и света вода и да и веруваме само на Вишата Сила, која ќе нè направи да даваме, а не успешни во бизнисот, во љубовта итн., тогаш поправањето ќе дојде.
Инаку, „ќе останете со празни раце“...