Прашање: Што е тоа мисла?
Одговор: Мисла – тоа е осознавање на тоа што јас го чувствувам, какви се причините и целите и последиците од моето чувство. Мисла – тоа е тоа, што се наоѓа внатре во желбата, во чувствувањето внатре во желбата. Мислата без желба – е филозофија, без основа. Постои материја и облик, кој таа материја го прима. Постои чувствување на обликот на материјата, и постои мисла "зошто материјата така чувствува".
Прашање: Ние треба да престојуваме сите во една мисла " да се биде, како еден човек во едно мнение, една мисла?"
Ние треба да ја достигнеме состојбата, кога нашите желби ќе станат колективни, заеднички, интегрални, и нема никаква разлика во мислите, во желбите и во светлините, кои се распространуваат во нас, како една светлина. Но секој, во исто време, ќе го чувствува и својот личен живот, како што тоа се случува во живиот организам: срцето работи поинаку од белите дробови, но постои заеднички живот на телото – над доживувањето и чувствувањето на секој орган. И тој виш живот, со кој тие сите живеат, се нарекува Елокут (духовен живот). Постои приватен живот на секој посебен орган, - функција, со која тој учествува во колективниот живот на целото тело, а постои колективен живот на целото тело. Сето е обединето заедно, и едното не го исклучува другото – и целата омраза и целата љубов, ништо не исчезнува, не постои исчезнување во духовното.
Од утринската лекција “Науката кабала и нејзината суштина“13/10/2010