Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што значи да се биде Создател ?

08.12.2010 -

Прашање: Вие велите, дека секој на крај мора да ја открие формулата на рамнотежа со Природата.Но зар кабалата сака да го претвори секој човек во научник-истражувач, терајќи го да ги открива формулите на Природата?

Одговор : Но тоа е многу едноставна формула! Секој од нас се наоѓа внатре во Природата и се стреми кон удобност. Рамнотежата – тоа е решение на равенката, откривање на формулата на најудобната состојба: каква топлина ми е потребна, каква влажност, храна, покрив над главата, семејство и деца, сигурно место за заработувачка и т.н. Токму тоа во нашиот свет се нарекува да се достигне рамнотежа со Природата, да се задоволат сите свои желби.

Но Природата ме развива на таков начин што оваа рамнотежа секогаш се нарушува – и јас морам одново и одново да се обидувам да ја пронајдам, движејќи се напред. Ние постојано бараме рамнотежа. Дури и кога човек брза да дојде на власт, или e во трка за милијарди долари - тој го прави тоа затоа што ја чувствува во себе таа потреба, што сака да ја пополни, доведе до рамнотежа, за да се смири. Затоа развојот, за кој зборува науката кабала – е најнормалниот и природен развој за секој човек во овој свет.

Само што секој има малку поинаква, своја формула за постигнување на оваа рамнотежа. Рамнотежа – тоа значи дека ми е толку добро, што подобро не може да ми биде! Тоа се нарекува крај на поправката (Гмар Тикун), кога сите желби се поправени – односно целосно наполнети, секоја со тоа што го посакува! Јас немам потреба да барам некоја си несфатлива формула на Природата! Ако јас ја достигнувам совршено комфорната состојба, во која веќе апсолутно ништо не би сакал да менувам – тоа значи, дека ја открив општата формула на рамнотежата на Природата!

Односно јас откривам, дека можам да бидам голем и успешен, и формата, во која сега јас себеси се откривам – се нарекува "Создател" или Природа. Небаре сум растел, растел, и конечно сум пораснал и сум станал цар и гледам: еве ми го дворецот, еве ја армијата, еве го народот.

Кога човекот чувствува, дека го достигнал целосното наполнување – тоа значи дека ја открил формулата, што значи да се биде Создател.

Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" /08/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica