01.05.2011 -
Прашање: Како пример за развој го даваме созревањето на јаболкото, кое поминува низ „горчливи" фази, пред да се претвори во прекрасен плод. Но, потоа јаболкото паѓа, гние и се претвора во семе. Излегува дека зборуваме само за преодни етапи?
Одговор: Не. Созревајќи, јаболкото преоѓа кон развој на следното поколение, следната етапа. Всушност, затоа тоа гние, умира и ги дава своите потомци, своите семки потребни за следните состојби. Сево ова е за да служи на повисокото ниво – животинското или човечкото.
Така и нашите тела се менуваат од поколение во поколение, живеат и умираат за да постепено во овој живот извлечеме од себе некаква димензија, некакво чувство, наше духовно раѓање на повисоко ниво на Човекот.
Без оглед на тоа што ние, слично на јаболкото, поминуваме циклуси од животот и смртта, за од тој живот да останат резултати за следно ниво, каде што ги собираме всушност човечки семиња: чувства, заемни односи, додека малку, над телата не дојдеме до потребата за соединување. Со тоа градиме уште еден природен систем, кој порано не постоел: единството кое не ги поврзува телата, туку сознанијата на луѓето.
Тоа и е вистинското човечко заедништво, а не нашите денешни односи кои се полоши отколку кај животните. Ќе се соединиме еден со друг во вистинско човечко заедништво, ќе го изградиме над себе како резултат на циклусите низ кои поминуваме.
Кога ќе ја оформиме таа структура, таа ќе стане човечкото ниво. Целата природа на неживото, растителното и животинското ниво и меѓу тие нивоа е споена во еден механизам од кој излегува само човекот. Додека не изградиме меѓу себе прекрасен, систем со цел, ќе бидеме пречка во природата.
Но, кога ќе се роди единството меѓу нас, ќе бидеме во хармонија со сите природни нивоа, а и со самите себе. Тогаш ќе почувствуваме колку е совршена и прекрасна целата природа. Мораме да дојдеме до тоа, тоа е крајот на нашиот развој.
Од поколение на поколение поминуваме низ фазите на разложување, како јаболкото, и го даваме својот живот заради следните поколенија. Сево ова се случува за во секој циклус да се исполни желбата која некогаш ќе стане единствена. Секој со своите несреќи и достигнувања, мисли и чувства, дава прилог за човечкото ниво кое ќе се изгради на крај. Тоа ниво се наоѓа во нашите сознанија, бидејќи човекот се разликува од животното со разумот, сфаќањата, достигнувањата и мудроста.