Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ја извлекуваме омразата кон Светлината

08.02.2011 -
Прашање: Како да се забрза откривањето на разбиената желба меѓу мене и моите пријатели?

Одговор: Ние поминуваме состојби во кои секогаш ни праќаат пробудување на злото. Прашањето е како јас го примам тоа зло? Дали го воспримам како препрека? "Зошто се открива дека ги мразам другите? Зошто се манифестираат конфликти меѓу нас?"

Ако и подлегнувате на омразата и не сакате да се гледате еден со друг – одете дома, престанете да се обединувате и не се истурајте врз духовната работа. Зошто таа се состои токму во откривањето на злото, омразата (сина) сé до планината Синај. Ние треба да знаеме дека патот е таков: нам ни се открива уништувањето, разбивањето. И до која мера тоа да ни се открие, ние не го поправаме вештачки, не организираме збратимувања со весели здравици после обилната трпеза, не се помируваме како децата во јасли. Не, ние сакаме да го поправиме злото преку учење, преку Светлината која враќа кон Изворот.

Сфаќајќи дека надворешно меѓу нас стои омразата и отфрлањето, ние не ја прикриваме и не ја "браниме". Ние сакаме да дојде Светлината и да ја промени омразата, отфрлањето, да почне да ја претвора во поврзаност сé до љубов. Не е важно колку омраза се манифестира, ние не ја чепкаме, не ја засилуваме ниту ја заслабнуваме, не ја прикриваме и не ја поправаме.

Ние не правиме со неа ништо и само сакаме да ја изнесеме како драгоцено богатство кон Светлината која враќа кон Изворот. "Конечно сум открил малку омраза! Зошто тоа е Вишиот свет, само обратно, обратната страна на духовното кли. Претворајќи се во врска и љубов таа ќе стане вистински сад за Светлината!" Треба да се однесуваме кон таа омраза внимателно, посебно – и да ја носиме кон Светлината. А ние наместо тоа ја пречкртуваме, како навидум сé е веќе во ред, или заминуваме или ја поделуваме групата.

Постојат безизлезни ситуации кога луѓето се сé уште слаби и не можат, не разбираат поинаку – тогаш разделувањето е погодно како привремено решение. Но во суштина вистинската работа се врши токму во позадината на омразата. Тогаш да не забораваме дека токму тоа е нашиот пат: ние работиме врз себе.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 08/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica