Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љуби го Господ, твојот Бог, со сето свое срце

Целта на создаденото суштество е да ужива во сите задоволства кои што Создателот сака да му ги даде, но за какви задоволства зборуваме? Создателот не може да му даде на создаденото суштество помалку од Неговото ниво, бидејќи, во спротивно, тоа не се смета за давање и љубов. Ставот на Создателот кон создаденото суштество е определено со законот „Љуби го својот пријател како себеси." Создателот го бара тоа од тебе, но ти имаш право Него да го прашаш, да ти одговори, без разлика дали Тој делува согласно со овој закон или не. Ако Тој го прави тоа, тогаш таков закон мора да постои во природата. Овој закон не постои! Тоа е однос на Кетер до Малхут, на создаденото суштество, „Љуби го твојот пријател како себеси." Малхут мора да стигне до истиот однос на „Љуби го својот пријател како себеси" од страна на Повратната Светлина. Тоа се нарекува заемно давање, заемна љубов. Сè е многу едноставно. Создателот е целина, Тој е целосна љубов и давање, и на тој начин Тој го дава сето тоа на создаденото. Затоа, Неговиот однос е наречен четирите фази на Директната Светлина. Сепак, создаденото суштество не може да се однесува кон Создателот на истиот директен начин и стекнување на истата форма, бидејќи тоа восприма од Создателот само во четири фази на Директна Светлина. Со цел да се поврзе со Создателот на истиот начин, создаденото суштество мора да помине низ целиот процес на развој, низ целиот пат, до крајот на поправката. Впрочем, тоа е за односот. Проблемот не е во добивање задоволство од Создателот, туку во тоа како јас Го чувствувам Него и како Му возвраќам. Не постои проблем во примање на задоволството. Малхут на Ајн Соф (бесконечноста) го добива тоа. Тоа доведува до „првото ограничување." Создателот му дал искра уште додека бил во фаза на Директната Светлина, и со тоа човекот чувствува дека е должен да дава назад, односно да почувствува дека не сака само да прима.

Втората фаза произлегува од првата фаза, бидејќи во спротивно сè ќе заврши во првата фаза. Излегува дека проблемот не е да се прима од Создателот, туку чувството дека ти мораш да Му вратиш Нему, но немаш ништо да Му дадеш! Како можеш да Му вратиш? Ти не можеш да Му ја вратиш Светлината која што си ја добил од Него, бидејќи тоа е како да си Му го вратил сето она кое што Тој го подготвил за тебе. Тоа е невозможно, бидејќи Самиот Создател стои пред тебе. Тој ти го покажува Неговото добро однесување и тоа се открива како задоволство кое што ги исполнува сите твои желби, но што од тоа ти почитуваш? Дали е тоа Неговиот однос кон тебе? Дали е тоа Неговата љубов или само задоволството, без оглед на Создателот? Претпостави дека ти донесов нешто што навистина го сакаш, но ти го отфрлаш. Дали тоа си го одбил, поради самата храна или затоа што јас ти го донесов со таква љубов што не можеш да ја прифатиш? Ако еден келнер во ресторан ти ја донесеше таа чинија, ќе го прифатеше без двоумење и ќе уживаше во нејзиниот вкус. Сепак, ти си одбил да ја прифатиш од мене, бидејќи не можеше да го вратиш моето однесување, мојата љубов. Ти самиот се ограничуваш во врска со мојата љубов. Не можеше тоа да го поднесеш, бидејќи таа бара заемност. Мора да се пресмета љубовта, бидејќи таа е она што предизвикува срам. Ти не чувствуваш никаков срам во однос на храната, затоа што мислиш дека, бидејќи Создателот те создал, Тој мора да те храни и да те иполни. Тоа е очигледно. Сепак, ти не можеш да Му ја вратиш Неговата љубов!

Значи, почнувајќи од „првото ограничување", па натаму, ќе бараш начин да се справиш со оваа љубов, да ја испиташ таа љубов, како таа се открива, од каде доаѓа, каква е поврзаноста помеѓу љубовта и задоволството што го чувствуваш во својата желба, и што е нејзиниот дел во сета Светлина на НеРаНХЈ, која што ги исполнува садовите. Кога ќе стигнеш до состојбата во која мислиш дека можеш да добиеш со цел да даваш во светот на Некудим, тогаш си искршен, и целото тоа кршење е всушност, поради љубовта, затоа што тоа не можеш да го земеш во предвид. Сè уште не го разбираш нејзиниот корен, бидејќи таа му припаѓа на Создателот. Таа љубов доаѓа до тебе од Него, а тоа е Неговото чувство, кое предизвикува во тебе одредени реакции кои ти не ги разбираш. Ти не разбираш што значи тоа чувство и зошто ти одеднаш чувствуваш срам, непријатност, и не можеш да го поднесеш до таква мера, до која започнуваш да се бориш со Него, главно со цел да го уништиш чувството на непријатност, поради Неговата љубов кон тебе. Кршењето на садовите ни овозможува да се воспостави омраза против љубовта, па така „планината. Синај ", станала почетна точка на нацијата. Ние не би можеле да започнеме да работиме со неа без подготовка на прогонот во Египет и скитајќи во пустината. Затоа, како што е напишано: „Љуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце", е целата суштина на поврзаноста.
Од утринската лекција, 17.05.2013,според „Талмуд Есер Сефирот.“ на Каб.Тв

Знак на цврст завет

Прашање: Што е посебно за работата на поединецот кога се подготвува за симнување; што му помага да го задржи заветот што тој го направил пред симнувањето?

Одговор: Јас зависам од Светлината која поправа, која што мора да се грижи за мене. Значи потребно ми е да имам апсолутно целосна желба за оваа Светлина да ја одржи мојата целосна зависност од неа. Сакам да бидам над моето расудување и моите чувства, но во исто време да ги задржам очите отворени. Тука постои одредено лицемерие, парадокс. Од една страна, сакам да разберам, да знам, и да почувствувам сè што е во мојата реалност, во мојата состојба, сите расудувања во таа состојба, а од друга страна, без оглед на тоа што се случува во оваа состојба и без разлика колку мене ми се разјаснува и ги поврзувам сите мои распознавања, морам на крајот да се придржувам кон Создателот на врвот на овие податоци. Ова значи дека сакам да пораснам над моето разбирање, моето чувство, и да видам сè преку моето его: над него, под него, и во него, во три проникнувања. Јас само се прашувам дали сето ова нема да го прекрши нашиот завет, дали, и покрај сè, ќе достигнам посветеност кон Создателот и ќе бидам исполнет со радост; радоста е вистинскиот знак на нашите цврсти завети. Ако не пукнам од таква радост, тогаш тоа значи дека јас немам завет со Создателот.
Од утринската лекција, 17.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Вселената е создадена само за доброто на човекот

Прашање: Според теоријата на интегралноста, во стварноста не постојат никакви други цивилизации од тие на земјата. Луѓето кои живеат на земјата се единствените субјекти во огромна слика во просторот на Ајн Соф (бесконечност). Излегува дека целата вселена била создадена така што ние ќе растеме и чувствуваме нешто друго во самите нас.

Одговор: Вселената е создадена така што ние ќе го достигнеме следното ниво на постоењето, над оваа природа, така што ние ќе го откриеме и ќе влеземе во следното најтенко ниво. Тоа е нивото на вечноста, совршенството, целосната хармонија. Со цел да се влезе во тоа ниво, ние мора да ја изучуваме хармонијата на природата, на нејзината совршеност, на меѓусебната соработка, нејзината меѓузависност, и да ја  имитираме.

Прашање: За сето тоа, ние треба да им понудиме образование на децата и возрасните, или е веќе премногу доцна за возрасните?

Одговор: Ние треба да ги образуваме постарите и младите, бидејќи секој поединец е еднаков според тоа ниво, секој човек е потребен. Ако се согледа природата, која е интегрална, тогаш секој дел од неа е како во аналоген систем, на исто ниво е важноста за секоја од нејзините делови. Така, не постои никаква разлика во јазикот на кој е претставена оваа теорија за децата и возрасните. Поентата е во тоа што секој човек, од познавањето на себе и од страна на неговите напори, влегува во нивото на меѓусебната соработка, како клетките во нашето тело. Целосната меѓусебна соработка носи гаранција за апсолутно здрав систем, а потоа ние самите се чувствуваме на следното ниво. Исто така, периодот на достигнување е утврден однапред. Ние треба да копнееме по тоа. Ако ние, самите, не копнееме по тоа, тогаш ќе се чувствуваме како непријатни сили да нè туркаат од позади на еден силен начин.
Од кабала ТВ за „Глобалната криза“, 17.05.2013, на Каб.Тв

Да работиш за Создателот

Прашање: Што значи тоа да се биде работник на Создателот без никакви предуслови?

Одговор: Да претпоставиме дека ти ќе кажеш: „Не ми е гајле што правам, јас сум подготвен да направам што и да е, а со тоа да бидам твојот заменик или твојот главен надзорник, да бидам последниот, најнискиот, најомразениот чистач. Јас сум подготвен да работат за било каква плата, за големо богатство - па се до за многу ниска дневница. Не ми е гајле колку е пријатна работата, дали ќе бидам задоволен од неа, или сум претепан. Јас сум подготвен да бидам претепан секој работен ден, онолку долго колку што ми овозможуваш да работам за тебе. Ти се молам, земи ме без какви било предуслови!" Тука сè зависи од твојата толеранција, од твоето трпение, и од тоа дали си подготвен да ја поднесеш непријатноста и пријатноста, наградите и казните кои се вклучени. На тој начин напредуваш над „магарето“, над твоето его, тоа се чувствува добро или лошо. Дали ќе го добиеш половината од царството, или ударите, за возврат, во текот на еден работен ден. Но, човечкото суштество во тебе целосно се придржува до сопственикот. Дали се согласуваш да работиш на овој начин? Ти сакаш да ти бидат дадени такви услови, бидејќи тоа ти помага да ја постигнеш чистата намера во однос на сопственикот. Но, ако не би имал такви услови, не би разбрал каде се наоѓаш и дали твоето его е она што ќе те мотивира. Твоето его лежи во тебе, ти си како крадец што трча пред сите да повикаат: „Фатете го крадецот". Сакаш да знаеш кој точно те управува, и тоа е можно само во согласност со состојбите што се менуваат. Нема да постигнеш ништо ако самиот се чувствуваш лошо; не постои светлина без темнина, и не постои темнина без светлина, треба да ги чувствуваш и двете.
Од утринската лекција, 17.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

За што беше човекот создаден?

Прашање: Во последно време, богатите луѓе се откажуваат од своите пари за доброто на општеството. Фактот дека тие имаат корист од тоа е неважен. Тие сè уште мислат дека ако изградат уште една болница или училиште во Африка, општеството ќе има корист. Дури и моите африкански роднини кои живеат во Европа велат дека тоа нема да ни помогне ако ние не ги принудиме африканците да работат, но африканците не сакаат да работат.

Одговор: Ние, всушност ги спречивме да го прават тоа. Во минатото Африка се користеше за производство и извоз на разни производи, но нашиот неправилен однос кон тој континент измени сè.

Прашање: Што ќе прават седум милијарди луѓе на оваа планета? Ние измислуваме работа само да ги задржиме луѓето да бидат зафатени. Дали беше овој сложен свет создаден само за тоа човекот да се буди секое утро, да се вози во преполниот јавен превоз, да стигне до канцеларија или фабрика, изврши механички дејства, да се врати дома, и на тој начин го прави тоа за остатокот од својот живот, додека не умре?

Одговор: Ние се претворивме во робови. Но сега нашиот видоглед се менува. Човекот е создаден да работи сосема поинаков вид на работа - да работи на себе, а не да работи во производството. Ние сите разбираме дека еден процент од населението може да обезбеди за остатокот од светот, дали се работи за да се одржи разумен живот, дом, семејство, здравствена заштита, како и сето останато. Не повеќе од еден процент, а наскоро и ова исто така ќе биде заменето од страна на автоматизирани машини и компјутери, кои ќе произведуваат практично сè. Човекот, сепак, само ќе биде вклучен во регулирање на двете сили на природата, силата на примањето и силата на давањето, во кои ние треба да постоиме. Ние треба, во нас, да ја развиеме силата на давањето до силата на примањето и да се стремиме да ги балансираме. Спроведувањето на интегралниот образовен систем во фабриките и училиштата ќе овозможи после неколку лекции поединецот за започне да разбира дека светот е сосема поинаков, дека поединецот не мора да биде контролиран, да оди на работа преку цел ден, да се врати дома, оди во кревет, и сето тоа одново и одново. Тој одеднаш ќе разбере дека тоа не е неговата судбина, и дека тоа никогаш нема да помогне никому. Постои метод кој нè издигнува до следното ниво, и ако ние не го достигнеме со наша слободна волја, природата ќе нè придвижи во оваа насока.
Од ТВ програмата, „Глобална криза", 17.05.2013 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica