04.11.2010 -
Не се обидувајте да направите од човекот животно и да го затворите духовниот свет во механичка шема. Тоа е свет полн со авантури и неизвесности, кои наеднаш се откриваат во текот на патот и гледаш дека тоа не било така, како што си мислел, туку можеби и обратно.
Кога врската помеѓу работите се открива на повнатрешно ниво, ти правиш целосен "upgrade" ( нова надградба) на целиот свој "програм". Ти гледаш, дека сега можеш да ги користиш новите инструменти/келим, новите врски. Јасно, дека основата останува непроменлива: Создател, суштество, процес на развитокот со помош на Опкружувачката Светлина, желбата Г'Е и АХА'П, поголемото обединување на душите.Но конкретните појави можат да бидат апсолутно спротивни.
Внатре во таа иста желба за давање, јас наеднаш откривам, на голема длабочина/авијут апсолутно нови врски! Јас не сум мислел, дека непријателот на моето скалило ќе се покаже како најсакан пријател на повисокото скалило! А на вишото скалило јас се гушкам со Аман – тој закоравен престапник станува света личност. Како може да биде, дека на нижото скалило – тој е мојот најголем непријател, до кој не можеш да се доближиш, а на повисокото скалило јас се спојувам со него?
Ако двајца кабалисти се наоѓаат на тие скалила, иако и двете се духовни, - тие нема да се усогласат еден со друг. Како тогаш ти можеш да го сакаш својот непријател? Ние со тебе веќе не можеме да бидеме другари?
За човекот, кој го достигнал конечното исправување - Гмар-Тикун:Аман, Хитлер, Ахмадинеџад, сите човекомразци – се сили на Светоста. Ти си ги мразел нив на претходните скалила, а на вишото скалило се смируваш со нив.
Целиот проблем е во тоа дека ние со својот ограничен разум не сме способни да ги соединиме двете спротивности: како електронот може да биде истовремено и бран, и честичка, како честичката може да се наоѓа истовремено во различни места?
А уште помалку разбирливо ни е, како над овој, во духовниот свет, сé се состои од две спротивности, истовремено постоечки заедно: ангелот на смртта и ангелот на светоста, Создателот и Фараонот. Ние, со својот овоземен разум, не можеме тоа да го разбереме и сакаме да слушнеме, кој од двата спротивни одговори е правилниот, а тие и двата се – вистина! И токму на соединувањето на спротивностите се открива духовниот свет, Создателот!
Од утринската лекција според статијата “Прогонство и покајание“ / 03.11.2011