18.04.2011 -
Прашање: Дали некогаш грижата за пријателите ќе ми стане навика?
Одговор: Не. Вообичаен може да биде само егоизмот, кој владее со мене. Сите други состојби се далеку од него и се достигнуваат со постојани напори. Излезот во духовното е исто како да се подигнеш над земјата во нашиот свет. Не можеш едноставно да лебдиш во воздухот. За тоа е потребна сила која ќе те држи, без разлика на силата на гравитацијата.
Силата на гравитацијата е силата на нашиот егоизам. Тој секогаш ме влече надолу и затоа, ако за момент заборавам на целта – веднаш треснувам на земјата. Ако сакам да се обединам со другите, пред сé, морам непрестајно да вложувам напори за да се одржувам „во воздухот", во намерата за единство. Тука нема попуштање – ако заборавам макар и на секунда – во истиот момент паѓам.
Еве зошто грижата за ближниот никогаш не може да стане навика. За тоа можеме да се заблагодариме на можноста во секоја секунда да имаме слободен избор. Ако ме придвижуваше навиката, јас ќе станев ангел. Ангелот и се потчинува на својата Природа – Природата на давање. Тој е во воздухот, затоа што е „полесен од воздухот", на него не дејствува силата на земната егоистичка гравитација. Но, на човекот дејствува.