Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Лего“ направено од парчињата на Создателот

21.03.2011 - Прашање: За време на лекцијата работиме со Светлината која нè поправа. Но со што работиме на конгресот?

Одговор: На конгресот тоа се случува уште повеќе! Немаме друг начин да влијаеме на тоа што ни се случува освен Светлината која поправа. Тоа е единственото нешто кое можеме да го разбудиме! Ги будиме нашите идни состојби кои уште не се откриени во нас и кои наскоро ќе бидат откриени.

Тие се состојби на давање нанадвор, каде секој еден дава нанадвор, на својот сосед. Тоа е токму онаа одлика што сакаме да ја откриеме – секој човек во себе и сите ние како целина. Кога ќе ја откриеме таа одлика на давање, тоа значи дека сме го откриле Создателот. Како што ни велат кабалистите, таа одлика нè родила, нè обликувала, и нè раштркала далеку еден од друг за кога ќе се споиме да можеме пак да ја откриеме. Во меѓувреме, Создателот е во прогонство. Што значи тоа?

Можеме да кажеме и дека Тој се распаднал на малечки парченца и се наоѓа во сите тие скршени делови што се далеку еден од друг. Штом почнете да ги поврзувате, почнувате да го обновувате Него, заедничката сила на давањето.

Мораме да изградиме своја слика која е блиску до вистината. Инаку живееме во разни религиски фантазии, замислувајќи нереална, не-материјалистичка слика. Мораме да сфатиме дека разликата помеѓу верите или религиите и науката кабала е тоа, дека првите сакаат да замислуваат духовност во материјалните желби, кои гледаат сè „внатре" и затоа ги градат своите идеи според овоземната стварност, во која созданието е долу, а Создателот горе, како да се одвоени со растојание, а не со одлики.

Тие не зборуваат за поправката на човекот. Наспроти тоа, науката кабала вели дека сè е внатре во човекот. Така, повисоката стварност или димензија се открива во човековите внатрешни поправки и промени. Затоа, најважното за нас е во човекот да се направи поправка . Со поправање на одликите, човекот чувствува дека Создателот се открива во него.

Од утринската лекција 21.03.2011, "Зохар "

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica