Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Местото каде што Создателот и Јас се сретнавме“

24.11. 2010 -

Прашање: од каде може нашата молитва за нашето единство и поправка да доаѓа? Каде да започнам да барам?

Одговор: Ние плачеме и молиме за поправка, но сето тоа е преправање и лага. Ние, самите, дури и не сфаќаме дека тоа е усна служба. Како и да е, ако јас работам во група и дозволам таа да има влијание врз мене, и со тоа да го практикувам мојот единствен слободен избор, тогаш тоа ги пренесува на мене својот ентузијазам и ме мотивира кон духовноста. Во тој момент, тоа не е лага бидејќи јас сум инспириран од пријателите.

Иако јас се обидував да се поврзам со групата вештачки, кога тие работеа на мене јас започнав да ги сфаќам сериозно. Вака сум јас направен: јас сум честичка во колективниот систем кој што функционира на овој начин уште од почетокот на создавањето. Затоа јас не можам да се оттргнам од влијанието на оклината, колку и да се трудам. Меѓутоа, во овој случај, беше моја желба да бидам под влијание на пријателите, и јас вложив напор да го достигнам тоа.

Ако јас сега се свртам кон Создателот со желбата примена од групата, јас веднаш ќе добијам одговор. Впрочем, оваа желба има уникатна природа: воља да обединува. Кога јас се обидувам да се обединам со нив на своја рака или му плачам на Создателот за да ми ја одобри оваа желба, тоа е лажно барање. Не се смета за вистинска молитва (МАН или Мајин Нуквин, Женски Води), туку лага.

Иако тоа е исто така корисно, јас на крајот ќе видам дека тоа не функционира. Меѓутоа, кога јас ќе се свртам према групата, прифаќајки ја и намалувајќи ја мојата вредност, примајќи од неа нова желба, молбата што понатаму ќе ја поднесам до Создателот, тоа е наречено МАН.

Како резултат, ќе се добие одговор од Горе наречен МАД (Мајин Душрин, Машки Води), кои навистина ќе ме поврзат со групата, и таму, внатре, јас ќе го најдам Создателот. Колку повеќе се внесувам себеси во групата на мое сопствено барање, до таа мерка Создателот ќе ми биде откриен. Но сепак, никакви алтруистички желби или дела не смеат да дојдат од мене.

Групата стои помеѓи мене и Создателот, и ние се среќаваме внатре во неа. Јас ја подигам мојата молитва до Создателот преку групата. Како одговор, Тој го канализира одговорот до мене преку групата, со чија помош јас сега можам да се подигнам до групата и да го најдам Создателот во неа. Помеѓу мене и Создателот мора да има група. Затоа е тоа наречено "место" како што е и Создателот бидејќи таму, Тој и Јас се среќаваме.

Од вториот дел од Утринската Лекција / 21.11.2010, Беит Шаар ХаКаванот

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica