Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Од љубов кон суштествата - до љубов кон Создателот“

01.10.2010 -

Само преку групата, која стои помеѓу мене и Него – како што е речено: "Од љубовта кон суштествата – до љубовта кон Создателот". Ако јас се насочувам себеси кон оваа група и сите одговори ги разјаснувам преку неа, зависно од нашето соединување и взаемната одговорност, тогаш јас ги пренесувам своите желби во групата и таму можам да видам, каде се тие насочени: за давање или за примање. Но, наместо тоа, јас добивам од групата чувство на важноста на Создателот, и сакал јас или не, тоа за мене исто така станува важно.

Јас почнувам да мислам, дека Создателот е голем и мене ми вреди да бидам околу Него, тоа е најголема награда – т.е. тие го престројуваат мојот систем на вредности, ставајки ги на прво место давањето и Создателот, а на последно – моето егоистичко примање. Понатаму јас почнувам да работам, за да го зголемам тоа величие на давањето, додека тоа не порасне до тој степен, што ќе се претвори во целосна заемна одговорност – кога сите ние стануваме како еден.

Ако ние го достигнуваме чувствувањето на тоа "еден човек" барем во некоја најмала мера – тоа значи, дека ние ја поминуваме границата (махсом), која не дели нас од вишиот свет. Бидејки групата станува како еден, тогаш, согласно на законот за сличност на особините, таа почнува да ја чувстува во себе таа особина, која ја дефинира целата вселена – Создателот.

Јас немам никаква можност поинаку, надвор од групата, да ги најдам духовните дефиниции: што е Светлината, темнината, ноќта, денот. Бидејки јас доаѓам сосема заплеткан од својот живот и не разбирам, што во него е важно, а што не е, за сметка на што е можно напредувањето, што јас посакувам од овој живот, и што Создателот сака од мене. Јас воопшто немам никаква конкретна насока, јас се расфрлувам на сите страни, и дури не разбирам, каде во секој момент се фрлам. И само групата ни помага да најдеме еден главен правец, а не учењето, кое може да не заплетка – мене ќе ми се причинува, дека добивајки знаење, јас духовно напредувам, и совладувајки го материјалот, јас ќе навлезам во духовното.

Колку подобро човекот ќе осознае, дека напредувањето кон Создателот – е внатре во групата, која му е дадена сега засега наместо Создателот, како модел на духовниот свет – толку побргу тој ќе напредне.

Од утринската лекција според статија на Рабаш /01.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica