Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Јо-јо“ или лифт за духовниот свет

08.02.2011 -
Ние читаме во Зохар за секакви духовни дејства нарекувани со различни имиња на луѓето, имињата на неживите предмети, растенијата, животните и нивните меѓусебни дејства. Наместо тоа јас можам да ги разјаснам согласно со духовната мрежа на координати "свет, година, душа и постоење на реалноста".

Свет се нарекува сé што имаме во надворешниот дел од реалноста – кли/желба, левуш/ преслека и ејхал/палати. Година – тоа е целиот процес што се одвива. Душа – тоа е внатрешно кли, НАРАН, шореш/корен, нешама/душа, гуф/тело. Што треба ние да правиме?

Да ги поправиме сите кли, за да бидат максимално поправени заради давање, освен "каменото срце" кое потоа ќе се поправи самото от себе. За тоа зборува Зохар. Но зошто го објаснува сето тоа во различни навидум овоземни слики? Зошто да не ми се објасни во поапстрактна, повистинска форма? Зошто ме збунува? Зошто ние го чувствуваме сега цел овој свет – лажен, илузорен кој ни се чини материјален, осетлив во моите сетилни органи? Зошто сегашната реалност ми изгледа таква и јас не знам како од неа да се здобијам со врска со духовното?

Кабалистите го велат следното. Ти се наоѓаш во состојба наречена "гранка" и посакуваш да ја достигнеш состојбата наречена "корен". Ти веќе го замислуваш твоето постоење во коренот, во духовна состојба, апстрахирана од сите овоземни слики кои ги чувствуваш сега, и си ги замислуваш наместо сите имиња и дејства – духовните суштини, односно состојбите во особината на давање. Со тоа ти го покажуваш својот стремеж кон духовното, кон давањето, кон Создателот, кон спојувањето, соединувањето со таа особина наречена "Создател". Затоа што заедничката особина на љубов и давање се нарекува "Создател". Затоа ние се наоѓаме во двата света – во состојбата која ни се чини нашиот свет, и во духовниот – идниот свет во кој ни претстои да влеземе (на хебрејски "иден свет" се нарекува "олам а-ба", "олам ше ба" – "светот кој доаѓа").

Колку што ќе осетиме во сите видови детали дека се наоѓаме тука, во овој свет, правилно го дефинираме како намера "заради апсорбирање во себе", како меѓусебна омраза – наспроти Вишиот свет, духовното, давањето и љубовта, обединувањето. Колку што во секој детал јас ќе стојам само на тоа, сфаќајќи го јазот меѓу двете состојби, двата света, двете нивоа, толку наспроти тоа јас ќе барам правилна, радикална промена – од примање во давање, од омраза во љубов, од отфрлање во обединување. И тогаш согласно со тоа јас ќе се стремам да ја откријам силата која нè соединува, која се изгуби помеѓу нас – Светлината, екранот, силата на сеопшто давање, особината на милосрдие/хесед. Тогаш моето учење ќе се претвори во молитва.

Затоа Зохар во една реченица те воведува и во овоземна слика, но исто така со неколку зборови ги допира духовните дефиниции и повторно се враќа кон овоземната слика, и повторно – кон духовните дефиниции. Тој води со тебе игра како што ние играме со мало дете. Од една страна се спуштаме на неговото ниво, од другата – сакаме да го поткренеме нагоре, и повторно - на негово ниво и повторно – нагоре. На таков начин ние цело време играме со него како со играчката "јо-јо": малку погоре – малку со него, побудувајќи го да се крене.

Од утринската лекција по “Зохар“ од 08.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica