Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Време е да се дејствува заради Создателот“

12.07.20011 -

Прашање: Што значи „да се зачува намерата"? Се создава впечаток дека во тоа нема никакво движење, нема никаков развој. Како е можно да се развива намерата.

Одговор: Читајќи го Зохар, јас играм игра со своите другари. Не е важно дали ги разбираме или не тие зборови, слушаме полуфрази, четвртина или цели реченици, сите зборови, одиме во голема или помала длабочина, секој колку што може. Но, играта се состои во тоа што сите тие зборови ги поврзувам со нас. Бидејќи книгата вели дека треба да бидеме поврзани меѓу нас. Јас не знам како, но тука тоа е напишано.


Затоа, за време на читањето, јас се обидувам да мислам како да бидеме поврзани на еден или друг начин, во една или друга форма. Да речеме, напишано е: „„Време е да се дејствува заради Создателот"... бидејќи „ја прекршиле тие Твојата Тора"". За што се зборува овде?

Ако човекот заборави на намерата заради давање, тоа значи дека тој „ја прекршил Тора". И дека тогаш е „време да се дејствува заради Создателот", односно треба да се вратиш одново на истата намера, на истата силна врска со другарите во меѓусебно давање, бидејќи со тоа посакуваш да изградиш „место" за откривање на Создателот. И ти го правиш тоа, за да Му овозможиш да се открие. Тоа е Неговата наслада, како кај Домаќинот кој приредува гоштевање на гостинот.

Зошто го читаш Зохар? Каде сакаш да го оствариш прочитаното, да го откриеш? – Во поправените односи меѓу нас. Нема друго „место". Ќе се открие исклучиво меѓу нас, но ако успееме да создадеме правилна врска во меѓусебното давање. Затоа јас се обидувам да пронајдам какви нитки, каква мрежа нè поврзува, каква треба да биде таа, во какви желби и мисли, во каква сила на стремежот меѓу нас, во какви појави, која е формулата на таа мрежа, какви сили треба да дејствуваат таму? Тоа сакам да го знам! А токму за тоа зборува Зохар.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 12.07.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica