Прашање: Што значи „Да се моли Создателот”? Каде е тој Создател? Како јас можам Него да го молам, ако не знам ништо за Него?!
Одговор: Треба да се бара! Секој треба да го замисли тоа во своето срце, можеби дури и во својата имагинација, иако кабалистите не се занимаваат со фантазии. Создател се нарекува општата сила на Природата. Зошто ние велиме, дека се обраќаме кон неа: тоа навистина предизвикува голема конфузија. Но постои сила, која јас можам да ја откријам според мојата желба. Затоа што во нашиот овоземен живот, јас исто така откривам некои појави според мојата желба. Кога кај мене не би постоела желба, јас не би гледал, не би дишел. За сè во почетокот се појавува желба, а потоа јас тоа го доживувам, го откривам, слушам, разбирам, повеќе ги отворам очите, се пробивам некаде. Сето тоа е согласно со желбата. Истото важи и за тука. Духовниот свет е само врска, сè уште скриена во нашите очи. И во неа ние го откриваме нашиот живот, кој е независен од телото. Телото умира, а ние продолжуваме да живееме во таа врска. Таа врска се нарекува „душа”. Сега ние мораме да ја откриеме. Нашето тело не попречува во тоа. Ако ние го поништиме, односно ако живееме во него, бидејки тоа е факт, без да му придаваме големо значење, без да го воздигнуваме, ако го употребуваме какво што е, го храниме, му даваме вода, го миеме, го ставаме на спиење, се грижиме за него како за животно, - и не повеќе од тоа, додека сè друго посветиме на откривањето на душата, тогаш ние ќе ја откриеме.
Душа ја нарекуваме врската меѓу сите. За да ја откриеш, кај тебе постои една точка, зачеток на душата. Ако таа точка ја нема, тогаш нема за што да се говори, ти си слободен – оди, и посвети се на телото, насладувај се со животот. Но ако имаш точка во срцето, зачеток на душата, која те возбудува, не ти дава мир, тогаш ти доаѓаш во кабалистичка група, и тебе ти објаснуваат како да почнеш да ја откриваш својата душа – твојата поврзаност со другите. Тоа не е поврзаност меѓу луѓето, нивните тела, туку поврзаност меѓу поединечните желби, од кои секоја има точка, зародиш на душата. Замислете си ги милион членови на нашата светска група (иако ги има многу повеќе), и меѓу сите – поврзувачка мрежа, скриена од нас. Ние мораме да ја откриеме. Откако го откријам 1/125 дел на таа поврзаност, јас веќе се наоѓам на првото скалило од сознанието за мојата душа, или првото скалило од вишиот свет, и во истата мрежа го откривам духовниот свет, себеси, вечноста, над времето, движењето и просторот, целата виша димензија и изворот на сето тоа, наречен „Создател”. Кон тоа се стремиме. Има луѓе, кои веќе го откриле духовното, напишале за тоа, и ни објаснуваат јасно и детално како постепено да го реализираме тоа откривање, со помош на какви дејства. Сето тоа се нарекува Тора – упатство. Во неа не се говори за никакви физички дејства со нашето тело – тоа може да се остави на мир. Се говори само за тоа, како да ја развиеме својата чувствителност, преку поврзување со ближниот, кон истата Виша Сила, и тогаш ти ја достигнуваш вечноста.
Прашање: Седам пред текстот на Зохар, и се обидувам да почувствувам нешто поинакво, нешто што постои тука како резултат на нашите заеднички напори, но тоа никако не ми успева. Продолжувам – и повторно претрпувам неуспех, и повторно, и повторно... Вие велите: „Молете го Создателот!”, но јас не знам за Него ништо, немам за што да се фатам!
Одговор: Јас ти советувам: ако веќе илјада пати си се чукал со главата во ѕид, можеби од тие удари нешто се „помрднало” во твојата глава, и ти можеш малку повеќе да се задлабочиш во твоите мисли, во некој однос кон Создателот: „Кој таму се крие, кој ми пречи? Кој го ставил овој ѕид пред мене?” Повеќе не се чукаш само со главата во ѕидот, туку додаваш кон тоа мисла. Од ударите човекот почнува да станува поумен. Точно ли е тоа? Тоа го очекувам од тебе...
Во финишот
Ние неспорно излегуваме во финишот пред завршувањето на периодот на подготовката, и јас говорам за тоа со гордост. Затоа што тоа не е едноставно, и се разбира, работата не е во нас, туку во Вишата Сила, која влијае врз нас, ја прави со нас оваа „вежба” и нè води во финалето. Кој е достоен, тој ќе го помине, тој кој не е достоен... Само спојувајќи се сите заедно ние ќе можеме да поминеме. Сите го поминуваат махсомот: „бебињата”, „децата”, „старците”, „жените”, а исто и оние, во кои има сила за надминување (гвура), - мажите (гварим). И сè зависи само од спојувањето: во која мера секој може да се држи заедно со сите. Јас многу се надевам, дека ние ќе го направиме тоа. Нè очекува посебна година. Мислам, дека ни ја даваат како „дополнително време”. Во минатото ние не сме стигнале да довршиме некои нешта – и треба да ги поправиме сега. Ми се чини, дека ние навистина сме способни за тоа. Се трудиме да ги направиме последните чекори, за да се убедиме себеси, конечно, дека сè зависи само од нашето единство. Во таков случај, нека тоа добие црти, и нека се реализира.
Јас ги повикувам сите да не го испуштат моментот, и да не дозволат „тркалото” да продолжи да се движи, туку да го фатиме, и да го оствариме она, што ни е доделено. Тоа е навистина уникатна можност. Затоа што за нас се грижат со невидено, безгранично, неизмерно милосрдие: „не си успеал еднаш – пробај уште, и уште...”. Вишото управување делува меко, сегашниот период е далечен од екстремностите: тоа не се тешкотии, не се војни, сè е небаре фиктивно. Исто така ние самите понекогаш ги учиме малите деца: доволно е малку да ги заплашиме, за да обрнат внимание на она што е потребно. Зарем може да го споредиме денешниот однос кон нас со катастрофата, со прогонствата од различните држави, со убиствата, истребувањето и т.н.? Пред нас едноставно го „простираат црвениот тепих”: направете малку и тоа ќе биде доволно.
Многу се надевам, дека вие тоа ќе го сфатите, дека нема да ја доведеме работата до поинаков однос одозгора, дека ќе бидеме доволно чувствителни, подложни, деликатни кон случувањата, ќе бидеме „добри деца” и ќе сфатиме како Создателот се однесува кон нас. Оттука ќе разбереме што треба да правиме, и ќе го направиме тоа. Ние сега доживуваме посебен преоден период, кој го зафати целиот свет. Денес насекаде се чувствува неодреденост, беспомошност, хаос. Замислете си само, што чувствуваат „властодршците” – немоќ, магла, конфузија. Никој не ги разбира случувањата, никој нема реални планови, идеи.
И ние треба правилно да се построиме меѓу нас – токму внатре, сè уште не обидувајќи се да нè слушне светот. Најважно е сега да ја сплотиме нашата внатрешна сила, да се соединиме во пресрет на конгресот „Пламен во пустината”. Тогаш од нашите искри навистина ќе се разгори голем оган и ќе ја запали целата „пустина” на овој свет. Ние сме способни за тоа, ние сме преодредени за тоа, нас нè насочуваат кон тоа од Вишото. Од нас се бара само мал напор – и сигурно, ќе можеме да донесеме Светлина во пустината. Среќно!
Најважната работа – е меѓу конгресите
Прашање: Кои се критериумите за оценување на соодветната подготовка за конгресот?
Одговор: Главниот критериум е јас да ја чувствувам таа средина, таа заедница, којашто ние постепено ја создаваме, за да чувствувам дека се наоѓам во неа, во излезот од себеси. Најважно е постојано да се трудиме да престојуваме во таква состојба. Лично јас тоа го чувствувам кога работам со групите, држам лекции, семинари, го пишувам мојот блог, замислувајќи ги моите читатели и обидувајќи се да бидам заедно со сите. И тоа постепено раѓа чувство, кога “јас” се претвора во “ние”.
Прашање: На конгресот се чувствува голема концентрација, бидејќи целиот свет се наоѓа во единствено дејство. Како да создадеме такво заедничко поле во обични услови?
Одговор: Конгресот е конгрес, но самата работа се извршува не на конгресот, туку меѓу конгресите, кога секој човек може да се контролира себеси, и да чувствува каде тој се наоѓа, во каква состојба, со каква мисла тој легнува да спие, со каква се буди и т.н. Во будењето од сонот, посебно е важна првата мисла. Таа говори за многу нешта – всушност за она што си го мислел за време на сонот, каде си се наоѓал. Со такви конкретни проверки и аспирации, ние можеме многу да достигнеме. Притоа, конгресот е наменет само за потхранување, за да се направи скок напред. Додека во суштина, реализацијата се случува меѓу конгресите.
Пример и завист
Прашање: Како можеме да им дадеме на нашите пријатели чувство, дека се грижиме за нив како мајката за своето бебе?
Одговор: Потребно е да му се покаже на човекот дека се грижиш и мислиш на него. Напиши му sms или прати e-mail, прашувајќи како тој се чувствува, дали има осет дека мислиш на него, и т.н. Задолжително треба да се покажува нашата грижа за другите. Таквиот пример е заразен, тогаш пријателот ќе биде принуден да делува на ист начин. Ќе му биде срам да заостанува, и да не учествува во тоа.
Прашање: Нема ли таквата прекумерна грижа да го запре развојот на човекот?
Одговор: Напротив, тоа го возбудува, го иритира, го акумулира, го насочува на некоја работа. Кога човекот гледа, дека пријателите се грижат за него, тоа му дава пример и ја буди зависта зошто тоа не го прави тој самиот. Ако тоа се случува во обична, не во кабалистичка група, тогаш човекот, како што се вели “ги мие рацете”, и се препушта на течението. Кај нас е обратно. Како што е речено во статиите на Рабаш, таквите дејства иницираат завист и даваат пример. Затоа ние треба доста отворено тоа да го покажуваме, и да предизвикуваме во пријателот чувство дека се грижиме за него.